Saturday, December 17, 2011

Моќта на подсвеста - 1 дел


ВОВЕД:  Веќе научно е докажано дека нашиот мозок емитува електромагнетни бранови со различна бранова должина, во зависност од нашите мисли и внатрешните психички состојби. Овие електромагнетни бранови можат да се регистрираат со соодветни мерни инструменти, слично како што радиото или тв-приемникот ги регистрираат емитираните електромагнетни бранови од предавателите, а со подесување на  фреквенцијата можеме да бираме разни станици кои ги слушаме или гледаме.
 Радарот истотака емитува електромагнетни бранови, сончевите зраци имаат електромагнетна природа, а најквалитетната топлотна енергија се добива од термички уреди чија конструктивна изведба ни овозможува доминантен пренос на топлина со зрачење.

Но дали можеме да ги регистрираме и подесуваме електромагнетните бранови кои ги емитува мозокот?. Одговорот е позитиен, но треба да знаеме како тоа треба да го правиме.

СУШТИНА - Ако јасно ја замислиме својата цел и ја почуствуваме како реалност, чудотворната потсвест ќе ни обезбеди се што ни е потребно за да се оствари таа цел. Потсвеста ќе ја материјализира секоја ментална претстава создадена во свеста и втемелена врз вербата.

Препораки за користење на моќта на Потсвеста:
1. Направете точно определен план за внесување на своето барање или желба во потсвеста. Замислете ја посакуваната цел и потрудете се да ја почувствувате како реалност. Бидете упорни во тоа и резултатот нема да изостане. Се што ќе почувствувате како реално и во мислите ќе наредите да се оствари - навистина ќе се оствари.
2. Откријте ја вистинската природа на верата. Имајте на ум дека верата е мисла создадена во умот и дека човекот го создава она и само она што ќе го создаде во својот ум.
3. Применувајте ја молитвата и почувствувајте ја моќта на терапијата со молитва. Одберете идеја или ментална претстава која ви одговара. Соединете се мисловно и емоционално со таа идеја и ако останете верни на таквото ментално гледиште, молитвата ќе биде исполнета. Желбата е молитва. Предочете си себеси исполнување на желба, почувствувајте го тоа како реалност (наспроти можните докази во прилог на спротивното),  и желбата ќе ви биде исполнета. Притоа, одбегнувајте каква било принуда или умствен напор при молитвата. Дозволете да ве обземе сонливост и успивајте се со уверување дека молитвата ќе ви биде прифатена.
4. Секогаш имајте на ум дека моќта на потсвеста можете да ја освоите исклучиво со помош на верата, односно со спознавање на начинот на дејствување на сопствениот свесен и потсвесен ум. Верата доаѓа само со разбирање а потсвеста дејствува врз основа на нашите силни желби, молитва и верба (без постоење на билокаков сомнеж).
5. Експериментирајте со самите себеси се додека лично не се уверите дека бесконечната интелигенција секогаш непосредно реагира на секоја свесна помисла. Затоа чувствувајте радост и спокојство, претчувствувајќи сигурно остварување на саканата цел.
6. Наредете и на потсвеста да го пронајде одговорот за проблемот што ве мачи. Правете го тоа секогаш пред одење на спиење и одговорот нема да изостане. Потсвеста работи непрекинато, 24 часа на ден.
7. Негативните мисли го попречуваат остварувањето на животните обрасци на потсвеста. Водете сметка за своите мисли. Секоја мисла прифатена како вистинита, мозокот ја упатува во соларниот универзум, од каде има само еден чекор до нејзината материјализаија.
8. Ваше е да се занимавате со свеста, но и да ја храните потсвеста со вистински ставови. Потсвеста секогаш го репродуцира вашиот вообичаен начин на мислење.
9. Нормално е да се биде здрав. Не е нормално да се биде болен. На секој од нас му е вроден принципот на хармонија. Мислите полни со љубомора, страв, грижа и потиштеност ги разоруваат нервите и жлездите и носат душевни и телесни болести од сите видови.
Се што ќе потврдите свесно и ќе го почувствувате како вистинито ќе се материјализира во вашиот ум, тело и во деловните активности. Мислете позитивно и отворете си ја на себеси вратата на хармонијата во животот.
10. Имајте на ум дека секој проблем има решение. Не грижете се премногу за здравствените проблеми кои ве мачат. Потпрете се на потсвеста и потсетувајте се доволно често дека бескрајната интелегенција презема се што е потребно. Чувството на здравје раѓа здравје, чувството за богатство раѓа богатство.  Замислувајте добро и позитивно. Човекот е она што замислува дека е.
11. Во состојба на сонливост, избегнувајте го судирот на свеста и потсвеста. Непосредно пред спиење замислувајте како ви се исполнуваат желбите. Бидете упорни во тоа. Заспивајте во мир и будете се во радост.
12. Свеста и потсвеста мора да воспостават соработка. Потсвеста го усвојува само она што навистина го чувствувате дека е вистинито. Вметнете ги во потсвеста мислите за напредок, среќа, богатство и успех и ќе го добиете тоа .
13. Никако не би сте смееле она што во еден момент го тврдите свесно, веќе по неколку мига мисловно да го оспорите. Со тоа само го неутрализирате ефектот на позитивното тврдење.
14. Зависта и љубомората се основните пречки за настанување на богатството. Радувајте се на благосостојбата на другите. Пречката за стекнување богатство се наоѓа во вашиот ум. Срушете ја пречката мислејќи за сите околу вас на позитивен начин.
15. Не дозволувајте парите да бидат единствената и исклучителна цел. Стремете се кон здравје, среќа, душевно спокојство и искрен израз на љубовта, а на своите ближни дарувајте им љубов и добра волја. Дури и во тој случај потсвеста ќе ви обезбеди напредок на сите полиња на вашето интересирање.
ПС. Темата е опширна а просторот ограничен за пошироки образложенија.

No comments:

Post a Comment