Wednesday, January 4, 2012

Животната енергија и "енергетските вампири"

            КОЈ ГО КРАДЕ ЕНЕРГЕТСКИ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕКОТ ?
         Во еден од претходните постови зборувавме за улогата на Енергетскиот потенцијал на човекот и начинот на неговото создавање. Како дел од живата природа, човекот е енергетско битие во кое постојано течат многу енергетски процеси од кои зависат сите функции во организмот. При застој на енергетските токови во одредени делови на телото, се јавуваат и првите знаци на болеста.
      Падот на животната енергија предизвикува проблеми со здравјето кои се манифестираат како замор, недостаток на енергија за секојдневните активности и на крај заболување на органот чии енергетски токови се прекинале. Оваа енергија ја создава самиот организам (со редовно внесување на храна) а делумно ја прима  и од универзалната енергија која е присутна насекаде околу нас.
      Природно е да постои и размена на енергијата меѓу луѓето, но проблемот се јавува кога некои луѓе почнуваат постојано да земаат од енергетскиот потенцијал на другите и да нанесуваат штета на околината.Тоа се личности кои стално земаат а ништо не даваат на луѓето со кои контактираат. Многу често тоа го прават несвесно бидејќи нивните енергетски токови се прекинале а недостатокот го компензираат со земање на енергијата од другите луѓе.
 Најчесто овие луѓе се наметливи и егоисти по природа, а со своето однесување постојано ја раздразнуваат околината со која контактираат. Во нивно присуство постануваме нервозни, раздразливи и безволни. Ако контактите се почести, тогаш ни се влошува здравствената состојба, постануваме осетливи на инфекции, добиваме неочекувани трауми и сл. Во контакт со нив, ние почнуваме лошо да се чувствуваме и да оболуваме а тие веќе многу подобро се чувствуваат бидејќи презеле дел од нашиот енергетски потенцијал. Ваквите луѓе се нарекуваат Енергетски вампири, а според природата на нивното дејствување можеме да ги групираме во две групи - соларни и лунарни.
       Соларните вампири се жестоки, сурови и агресивни луѓе, а нивната енергија е топла и сува. Поради недостаток на животна енергија, тие се мрзоволни, нерасположени, агресивни и спремни да настапат дрско, навредливо и отворено, за да предизвикаат конфликт и да уживаат во болката која ја причиниле на некого во нивната близина. Нив ги покренува завистта, злобата и омразата (тоа е целиот нивни енергетски свет), а со тоа да го подобрат своето расположение. Ако на провокациите на Соларниот вампир не се реагира, тогаш тој е спремен да удри само за да ја добие својата доза на отпадна енергија која ја цица од жртвата.
       Лунарните вампири имаат сосем спротивно однесување - тие се тивки, мирни, благи - но неприметно и мирно ја извлекуваат енергијата од нас. Нивната Лунарна енергија има јаки магнетни својства, таа е ладна и влажна. Лунарниот вампир стално се жали на своите проблеми, се прави дека ништо не разбира, има наивно однесување и постојано ни досадува. Не се расправа, не пцуе, но не труе постојано со исти работи и не вади од контакт. Се појавува на врата ненајавен, воопшто не му е гајле што имаш некои обврски и не реагира дури и кога отворено ќе му се рече дека е досаден. Таквиот човек секогаш има постојани и единствени проблеми, постојано не оптеретува со нив, ние му помагаме или го советуваме, но тој не престанува да се жали и да бара постојано внимание и сожалување од нас.  Тоа не раздразнува, ја губиме енергијата, животната активност ни се намалува и постануваме крајно напнати. Тој како ништо да не приметува и продолжува со своите жалопојки, кажани по којзнае кој пат. Колку и да го навредуваме, тој не замерува и се ќе стори за нас само да се дружи со нас бидејќи неговиот клуч ги отвора бравите на нашите енергетски канали. Према блиските луѓе и домашните може да биде груб и агресивен, но надвор од куќата е скромен, умален и страмежлив.
      Затоа мораме да научиме да ги препознаваме ваквите луѓе. Мораме а бидеме свесни дека негативно влијаат на нас и да ги избегнуваме. Тоа се најчесто луѓе во нашара околина, тоа може да биде нашиот комшијата, колегата од работа, блискиот роднина, некој службен соработник, и слично.
Совет: 
Пред да одлучиме да одиме на лекар (или психијатар), најдобро е да видиме кој е во нашата близина, кој ни ја одзема животната енергија и кои се причините за нашата состојба. Ако утврдиме дека околу нас постои некој енергетски вампир и ако можеме да се ослободиме од него, можеби лекарот нема да ни биде потребен.

No comments:

Post a Comment