Tuesday, February 14, 2012

Нашата вредност ?

Познат авторитет, кој е поканет да одржи предавање пред поголема заинтересирана група луѓе,  започнува вака:
       Држејќи 100 долари во својата подигната рака, запрашал: "Кој би сакал да ги добие овие 100 долари кои сакам да ги поклонам?". Посетителите, иако збунети од необичното прашање, почнале да креваат рака. Сите посакале да ги добијат понудените 100 $.
      Тогаш, предавачот продолжил:  "Овие 100 $  ќе ги дадам на некој од вас, но пред тоа морам да направам нешто".
Ја изгужвал парата, ја фрлил на подот и ја изгазил. Потоа поново запрашал:  "Дали сеуште има некој кој ја сака оваа пара?".  Сите раце и понатаму останале кренати.

"Драги пријатели, штотуку научивме една многу важна лекција. Што и да направев со парата, Вие и понатаму ќе ја сакавте, бидејќи во ниеден момент таа не изгуби од својата  вредност. Цело време вредеше 100 $ ".

„Во животот често ни се случува да паднеме ниско, да бидеме навредени, да се чувствуваме омаловажени и безвредни како згужвана и фрлена хартија на земја. Тоа е нашата реалност.

„НО, НЕЗАВИСНО ОД ТОА ШТО ТИ СЕ СЛУЧИЛО ВО ЖИВОТОТ ИЛИ ШТО ЌЕ ТИ СЕ СЛУЧИ ВО ИДНИНА, ТИ НИКОГАШ НЕМА ДА ЈА ИЗГУБИШ ВРЕДНОСТА.  НАШИТЕ ЖИВОТИ НЕ СЕ ВРЕДНУВААТ СПОРЕД ОНА ШТО НИ ГО НАПРАВИЛЕ, ТУКУ СПОРЕД ОНА ШТО СМЕ! ’’.

  / Прилагодил, корегирал и адаптирал кон основната цел:  Петар Лука/

No comments:

Post a Comment