Saturday, December 17, 2011

Суштината на мудроста КАБАЛА


   Корените на Мудроста Кабала потекнуваат од пред повеќе од четири илјади години, од времето на стариот Вавилон. Оваа древна мудрост, иако со векови била интерес на познати научници и филозофи од многу земји ( Њутон, Лајбниц, Нострадамус, Пикадела...), нејзината суштина била тешко разбирлива и најчесто неправилно толкувана.
Науката Кабала не зборува за нашиов свет, таа зборува за Виша сила - Створител, и управувачки сили кои се спуштаат од таа виша сила во нашиов свет. Тешко е да се разбере невидливото, она што не можеме да го осетиме или вкусиме. Но со овој текст, ќе се обидам да ја поедноставам суштина на Кабалата, за да можат да се разберат основните филозофски погледи на оваа силна филозовска и животна мудрост.
Постоиме во овој свет создадени од некоја виша сила која ја нарекуваме Створител. Нам ни се познати многу сили и енергии во нашиов свет: гравитацијата, електромагнетизмот, силата на мислите, сончевата енергија, атомската енергија и др. Меѓутоа постојат сили и од повисок ред кои делуваат скриено. Највисоката, сеопфатна сила ја нарекуваме Створител, кој е извор на сите светски сили и највисок степен во низата на управувачки сили.
Кабалистичката наука не го изучува нашиов свет и луѓето во него (како традиционалните науки), туку таа изучува се што се наоѓа над Масах (преграда која го дели овој од горниот свет).
Оваа мудрост претставува збир на последователни извори (корени), кои според фиксни сеприсутни закони, по принципот „причина и последица“ ,се спуштаат одозгора и се спојуваат во единствена возвишена цел - разоткривање и спознавање на највисоката Управувачка сила.
Се додека личноста во потполност не ја разоткрие оваа сила, се додека не ги запознае сите светови по кои треба да се искачи (потчинувајќи се на истите закони како и силите кои се спуштаат), и се додека поединецот не го достигне светот на Бесконечното, таа личност ќе продолжи да се раѓа во нашиов свет, развивајќи се од живот во живот додека не дојде во состојба на спознание и достигнување на вишите сили.
Науката Кабала има единствен начин на кој ни се обраќа на сите нас. Не зборува за ништо апстрактно, туку само за начинот на кој сме создадени и како функционираме на повисоките нивои на подсвеста. Еден нејзин дел зборува за спуштањето на вишите сили кои доаѓаат од светот на Бесконечното. Светот на Бесконечното е наша почетна состојба во која постоиме како посебен, единствен систем на души кои меѓусебно се поврзани.
После тоа учиме за низата светови кои следат после светот на Бесконечното, за начинот на кој тие се спуштаат во нашиов свет во кој живееме.Многу кабалистички книги имаат пишувано за тоа, почнувајќи од книгата со наслов Sefer Yetzira (Книгата на Создавањето) која ја напишал Аврам Патријархот пред 4000 години, потоа книгата Зохар, пишувана во вториот век од нашата ера, и многу други.
Сите кабалистички извори ја опишуваат структурата на вишите светови, начинот на кој тие се спуштаат и ги создаваат ниските светови. Исто така опишуваат како настанал нашиот свет, вселената, нашата планета и како се развил нашиот живот. Учејќи за тоа како е направен тој систем и како се спушта во нашиот свет, Кабалата ни овозможува да ја совладаме методата на влегување во истиот тој систем и понатаму како со него да владееме.
Најприкладни сознанија за Мудроста Кабала можеме да добиеме од книгата „Студија за Десете Сефироти“ (Talmud Eser Sefirot) од Yehuda Ashlag, која содржи прашања, одговори и прилагодени текстови погодни за сваќање на суштината на мудроста и нејзината корист за човековото битие. Оваа книга всушност е физика на повисоките светови, и ги опишува законите и силите кои управуваат со универзумот.
Науката Кабала не се знаимава со животот во овој свет. Напротив, со проучувањето на овој систем ќе бидеме на крај на нашето издигнување од овој свет. За време на издигнувањето, Кабала гради систем внатре во човекот, кој е ист како и вишиот систем. Овој систем почнува да се организира и манифестира во личноста која сака да ги достигне повисоките форми на свест и навлезе во вишите светови. Како што од капките на човечкото семе може да се развие човечко суштество и постепено расте во возрасна, зрела личност, така и науката Кабала ја развива нашата желба за досегнување на повисоките нивоа на постоење.

***

Ние егзистираме во свет со ниска форма на свест. Кабалата не упатува кон сознанијата за повисоките форми на свест, законите и силите кои управуваат со универзумот, структурата на вишите светови, совладувањето на методите за навлегување во вишите светови и владеење со нив, како и нашата корист од тие сознанија.

***

             Централна точка околу која се движи целата филозофија на мудроста Кабала, е комплексниот симболички дијаграм „ДРВОТО НА ЖИВОТОТ’’.  Дрвото на животот е дијаграм на постоечките космички снаги – како во макрокосмосот, така и во микрокосмосот (човекот) и неговите односи.




    



















No comments:

Post a Comment