Saturday, December 17, 2011

Моќта на подсвеста - 2 дел


     Во првиот дел на „Моќта на подсвеста“, преку воведот, суштината и препораките, навлеговме во тајните и методите за нејзино користење, со посебен осврт на значењето на сознанијата за улогата на подсвеста во нашиот живот.
Во овој дел, во послободна форма, ќе се обидам да изнесам уште неколку корисни размислувања и совети....
     Ако научиме како да ја препознаеме и да ја ослободиме скриената моќ на сопствената потсвест, ќе успееме да постигнеме спокојство, хармонија и успех во сите свери на животот. Успешниот човек не е себичен. Неговата најголема животна желба е да им помага на луѓето. Успешниот човек има огромно психолошко и духовно разбирање, и секогаш е свесен дека нема вистински успешен развој ако не постигне душевен мир и спокојство.
     Имај на ум дека секој проблем има решение а потсвеста тргнува во матерализација на идејата само ако си потполно опуштен и дозволиш таа идеја да биде целосно усвоена, без никакви сомнежи за нејзината реализација.    
     Законот на акцијата и реакцијата е универзален. Мислата претставува акција додека автоматскиот одговор на потсвеста е - реакцијата.  Затоа внимавај на своите мисли. Со потсвеста не смееме да си играме. Какво што е нашето барање (позитивно или негативно), такво и ќе го прифати нашата подсвест - и ќе се стреми кон негово реализирање.      Мораме да сватиме дека моќта на потсвеста сите ја поседуваме, неа не ја стекнуваме, но мораме да научиме правилно да ја сваќаме и употребуваме во сите свери на животот. Постојат безброј примери во животот каде несвесно сме ја употребиле моќта на потсвеста и сме предизвикале несреќи или неуспех - кај себе или кај своите блиски. Секоја фрустрација се темели врз неостварена желба, нанесена неправда или неоправдан страв дека ќе се случат лоши работи. Ако им посветуваш премногу вномание на пречките, стравот и неостварените желби, и ги одлагаш проблемите кои треба да ги решиш, ќе настапи соодветна негативна реакција на потсвеста, а со тоа ќе работиш против сопственото добро.
     Затоа, за да ги отврлиме негативните мисли, да не мислиме на лоши работи кои можат да се случат, да се ориентираме кон позитивните мисли, голема желба за нивното остварување и силна верба и надеж дека нашите позитивни мисли и барања ќе бидат остварени. Но за успешна реализација на моќта на потсвеста, најтешко е да се постигне силна верба и надеж дека нашата желба ќе биде успешно остварена. Верниците, независно на која религија и припаѓаат, со молби и молитви полесно ќе ја постигнат вербата во реализацијата на нивните желби, иако се молат на разни светци, пророци и божества. Но вербата и молбата се универзален патоказ кон приодот на повисоките форми на свест и силите кои владеат и управуваат со универзумот. Постојат законитости во универзумот и сили од повисок ред кои делуваат скриено и неразбирливо за нашата ниска форма на свест. Највисоката сеопфатна сила ја нарекуваме Створител (Бог, Апсолут, Креатор на све видливо и невидливо, и сл.), кој е извор на сите светски сили и највисок степен во низата на управувачки сили. Потсвеста е нашата врска со повисоките форми на свест и управувачките сили преку кои таа се реализира, а врската меѓу нас и подсвеста е мислата. Затоа мораме да внимаваме на своите мисли. Нашиот мозок комуницира со самиот себе - без да сме свесни за тоа, а информациите за кои не сме свесни ќе оформат некоја целина која преку подсвеста ќе побара нејзина реализација. Значи моќта на подсвеста сите ја поседуваме, но мораме да научиме правилно да ја сваќаме и употребуваме во сите свери на животот.
   Човекот свесно размислува, формира свои погледи, ставови и заклучоци кои произлегуваат од перцепцијата на реалниот свет, но сето она што го размислува се слева во потсвеста која е творечка сила и управува со личноста. Ако размислуваме позитивно, се случуваат добри работи, а ако човекот има лоши мисли - ќе следуваат лоши случувања. Кога подсвеста ќе усвои некоја замисла, одма тргнува кон нејзина реализација - независно од тоа дали се реализира добра или лоша мисла. ЗАТОА ВНИМАВАЈТЕ СО ПОДСВЕСТА !

No comments:

Post a Comment