Saturday, August 4, 2012

Потрага-1 (МАТЕРИЈАЛНА И ДУХОВНА ЕГЗИСТЕНЦИЈА)


1. МАТЕРИЈАЛНА И ДУХОВНА ЕГЗИСТЕНЦИЈА

Вовед:        Додека Запаните земји се посветуваа на материјалните вредности и надворешниот свет, Истокот се ориентирал према внатрешниот субјективен свет, духовната равнотежа и контрола, свесно тежнеење кон психички развој и лична еволуција. При ваква спиритуална ориентација, се јавуваат и многу филозовски движења кои имаат иста цел – САМОРЕАЛИЗАЦИЈА  (Единство со Бог, Спознавање на Бог во себе, и сл.)
        Човечката свест и нејзините функции, влијанието на духот врз телото и обратно, психичките феномени, функцијата на подсвеста, телепатијата, трансот, техниките на концентрација и медитација – биле заеднички области на интерес и проучување кај сите овие различни системи кои преку најразлични експерименти доаѓале до нови сознанија во областа на духовноста. Поради тоа, многуте филозовски системи кои се развивале и  тежнееле кон иста цел, развиле и различни техники на примена - иако тоа се само различни гранки на едно исто дрво.

     Сепак, Самореализацијата, односно достигнување на Единство со Бога е само исклучиво лично спознавање кое не може да биде и дефиниција за суштината и смислата на животот бидејќи пренесено преку нивотото на умот, не може да биде одраз на вистинските спознанија поради ограничените можности на умот како манифестација на свеста. За да можеме ова да го сватиме, мораме да се потсетиме дека уште при зачетокот на човекот се иницира и се манифестира Индивидуална свест која како поединечен процес може да се дефинира во дадено Време и Простор.  Од тој момент, почнува процесот на индивидуализација на свеста и хармонизирање со повисоките форми на свест. Ако на индивидуален план (лично спознавање) се постигнала Највисоката форма на свест (Спиритуално ниво на свест, Единство со Бог, Самореализација), таквата свест не може објективно да се пренесе и прифати од индивидуалната или индивидуализираната повисока форма на свест бидејќи тие сеуште се во развој и се ограничени за толку високи спознанија.  
***

       Поделбата на светот на жива и нежива природа е нереален поглед кој е извор на многу заблуди и кочница за психичкиот развој и постигнување на повисоки форми на свест.
       Материјата и енергијата се две појавни форми на иста стварност (да се потсетиме на Теоријата на релативитетот од Ајнштајн), и само фреквенцијата на вибрирање е одлучувачка дали ќе биде во спектарот на материјата или во спектарот на енергијата.
       Парчето железо кое на прв поглед е мртва природа, под надворешната непроменлива форма крие огромни енергии на атомите чии електрони хармонично се движат по определени кружни патеки околу јадрото и со својата огромна брзина даваат впечаток на цврстина. Значи нема неподвижна материја, а секое движење е живот – целокупниот универзум вибрира и живее според природни законитости кои за нас, во најголем дел, се непознати или за нив имаме погрешни представи.
  Материјата, Енергијата и Животот се три вида на манифестација на Постоењето (егзистенцијата). Животот е еден и неделлив, но неговите појавни форми се бесконачно променливи и полиморфни.

Во вечното движење постои универзална хармонија и тежнеење кон повисоки и посовршени форми на егзистенција – напредување кон повисоки форми на свест.
Свеста егзистира во се’ што постои, што се движи или манифестира на било кој начин. Таа секогаш останува иста и непроменлива, но нејзината појавна манифестација е различна за различни степени на откритие на истата свест.
         Најнизок степен на појавна форма на свеста во физичкиот универзум имаат минералите кај кои се манифестира преку законитостите на нивната структура и хармоничкото движење на електроните кои тежнеат кон кристализација (која е повисока форма на свест од аморфната структура на минералот).
Во процесот на еволуција на појавните форми на свеста, ниските форми служат како база за развој на повисоки форми кои ги содржат компонентите на свеста од пониските форми (и обратно – пониските форми ги содржат компонентите на повисоките форми на свест, но дел од нив не се манифестирани во пониските форми).
        Кај растителниот свет се формираат нови посовршени форми на егзистенција, а слоевите на материја кои ја прекриваат истата универзална свест, сега се потанки и овозможуваат повисока форма на вибрација.
Во текот на еволуцијата на свеста, животинскиот свет настанал од растителниот свет, како што растителниот свет настанал од неорганскиот минерален свет.

       Човекот по својата природа е и психолошко битие кое тежнее кон сопствена самореализација, откривање на спиритуалната свест во себе, откривање на сопственото вистинско ЈАС. Во формите кои се пониски од човекот, пластовите на материјата се многу густи и ја замрачуваат Спиритуалната Свест.
       Со интелектуалниот и спиритуалниот развој човекот продира во себе и трага по Вистината која е во нас, а не надвор од нас. Човештвото постепено напредува кон постигнување на повисоки форми на свест, но ако го зголемиме напорот – ќе ја забрзаме и својата психичка еволуција. Со зголемен напор се намалува незнаењето и се отстрануваат препреките на патот до своето вистинско ЈА – до спиритуалната свест во нас.
       Науката тежнее кон задоволување на човековите материјални потреби и намалување на човековиот труд за задоволување на тие потреби. Но ваквото трагање за смислата на животот и среќата, по патеките кои се надвор од човековото битие, е погрешно трагање и не води до целта. Со задоволување на една желба, се јавува нова желба која потешко се задоволува – човековите желби и потреби растат многу побрзо од можностите за нивното задоволување. Науката никогаш не може да ги задоволи човековите потреби бидејќи тие по својата природа се психолошки.
       Приврзаниците на херметизмот (научен правец на сите тајни науки) трагаат по Вистината која е во нас, а не надвор од нас. Тие се стремат кон повисоки форми на свест, а кога ќе ги постигнат, споменатите човекови потреби изгледаат сосем поинаку. Голем дел од херметичките знаења кои се ширеле во затворени кругови и под заклетва, покасно биле основа за брз развој на научните достигнувања. Но херметизмот има и свои тајни, се развивал во разни правци, а некои херметички знаења се злоупотребувале за лични интереси. Затоа, кога навлегуваме во овие науки мораме да бидеме крајно внимателни за на не западнеме во неочекувани непријатности.
Со херметички тренинг се будат психичките способности, се согледуваат нови односи меѓу предметите и појавите, се надминуваат сопствените слабости и се издигнуваме над човечката себичност и егоцентризмот. Практичната работа ја сведуваме на елиминирање на слабостите преку напорна работа со Дрвото на животот и другите оперативни техники кои не водат до целта. Според моите досегашни сознанија, Кабалистичките методи за психички тренинг даваат солидни практични резултати. 
        А која е основната цел на овој психички тренинг?  Секако дека целта е повисоко ниво на свест односно постигнување на квалитативно нов степен на свест и свесно функционирање на тој степен на свест. Крајната цел е комплетен увид во сопствената природа, светот и односите со светот. Оваа состојба се нарекува Космичка Свест бидејќи во неа исчезнуваат границите помеѓу Субјектот и Објектот. 
 
***
Бидејќи мудроста Кабала претставува широка и доста сложена материја тешка за проучување и практична примена, преку оваа серија на постови на оваа тема ќе се обидам на поедноставен начин да пренесам некои основни познавања кои овозможуваат теоретски и практични знаења со кои во извесна мера може да се манипулира со околностите во социјалниот и физичкиот свет во кој живееме. Ќе се запознаеме со чудесните снаги на човековиот дух, но притоа мораме да бидеме свесни дека е потребен психички тренинг, упорност и голем физички напор.
Во текстот често ќе го сретнуваме поимот "Психичка магија" , а се однесува на намерно и свесно предизвикување на промени во сопствената свест и светот околу нас, со силата на нашата воља. 
 Психичките закони се постари од сите религии и филозофии, применливи се за многу животни проблеми и останале непроменети во текот на целокупниот развој на човекот.

Петар Лука

No comments:

Post a Comment