Saturday, December 17, 2011

Материја, Енергија и енергетски потенцијал на човекот


Со развојот на научната мисла и појавата на Tеорија на релативитетот (Ајнштајн), се доаѓа до сознание дека материјата и енергијата се две појавни форми на иста стварност. Меѓу материјата (маса и облик на физичките тела) и енергијата (која не мора да има маса и облик, но има физички особини), постои цврста врска на еквивалентност и истите можат да преминуваат една во друга - материјата во енергија и енергијата во материја (при процесот на создавање или материјализација). Всушност, тоа е материјалот од кој е изградена природата и целата вселена.
  
Затоа, МАТЕРИЈАТА наједноставно би ја дефинирале како истовремена манифестација на маса и енергија во време и простор. Овде мораме да имаме во предвид дека материјата не може да постои без движење и таа секогаш е  во состојба на стално непрекинато движење и промени.
  
Се што постои - вибрира, а постои како вибрација или како резултат на вибрација. Материјата и енергијата се една иства стварност, и само фреквенцијата на вибрирање е одлучувачка дали ќе биде во спектарот на материјата или во спектарот на енергијата. Тој премин меѓу енергијата и материјата, тој граничен мал преоден опсег на вибрации, е квантна инстанца, квантно ниво на стварноста, мембрана меѓу двете појавни форми на истата стварност.
   Но, што е Квантно ниво и Квантна енергија?.
Квантна енергија е најмалата можна зрачна енергија при електромагнетното зрачење (радијација).Таа е најмалата количина на физичката стварност која може самостојно да постои. Сe што прво се одвива, се одвива на квантно ниво. Сите творби од кои е изградено сe останато, најпрво постојат на квантно ниво. Такви творби се на пример фотоните со кои се објаснува зрачењето на црното тело или фотоелектричниот ефект, потоа неутрино-честичките (кои се ослободуваат при атомска фисија), како и други дискретни најмали „пакети“ на енергија и материја.
 
    Таква најсуптилна творба (и материја и енергија) е и АУРАТА на живиот свет, во која се влева и енергијата од универзалното енергетско поле, како и аурата на околниот жив свет.    Ваквата сеприсутна енергија е позната во сите култури и цивилизации, но под различни имиња: Космичка енергија, Свети Дух, Животни етер, Светлосни етер, Чи, Прана, Мана, Органска енергија, Анимални магнетизам, Биоплазма и др.
   
   Човекот, како дел од живата природа, истотака е енергетско битие во кое постојано течат многу енергетски процеси од кои зависат сите функции на организмот. При застој на енергетските токови во одредени делови на телото, се јавуваат и првите знаци на болеста. Падот на животната енергија предизвикува проблеми со здравјето кои се манифестираат како замор, недостаток на енергија за секојдневните активности и на крај заболување на органот чии енергетски токови се прекинале. Енергетскиот капацитет на човекот зависи од нашиот прием на универзалната енергија која е секаде околу нас и од енергијата која ја создава самиот организам.
    Мозокот е високоенергетски орган кој троши повеќе од 20% од кислородот и шеќерот кој го зема организмот. Притоа произведува енергија која може да се регистрира со мерни инструменти ( EEG). Менталните процеси тешко можат да се регистрираат со технички инструменти, но човекот е најсовршен инструмент и постојат многу докази  за моќта на сложени и необични ментални активноси: телепатија, видовитост, исцелување, екстрасензорни искуства и сл.
    Секоја жива ќелија создава енергија за својот опстанок и функционирање. Мускулатурата на срцето создава енергетски импулси кои предизвикуваат контракции на срцевиот мускул, со прилагоден ритам и фреквенција според потребите на организмот.
   
   Но, сите овие создадени енергии од човечкиот организам, не се доволни за нашиот опстанок и функционирање, ако не постои универзалната енергија која не опкружува како медиум во кој сe се случува и постои.Оваа енергија е во нас онолку колку сакаме и можеме да ја примиме. Позитивните мисли, чистата душа, добрината, желбата да се помогне во границите на своите можности, како и останатите благородни човекови особини, овозможуваат зголемување на нашиот енергетски капацитет и отворање на вратите за прием на позитивната енергија од средината. Оваа енергија ни овозможува ускладување на енергетските токови во нашиот организам, надминување на болестите и стекнување на моќ за сложени и необични ментални активноси.

No comments:

Post a Comment