СОВРЕМЕНА САТИРА


МОИ ПОГЛЕДИ - ШТО Е ПАРТИЈАТА ?



9. Помалите партии, поради личните интереси на нивните водачи, се само украс во политичката сцена креирана од поголемите партии (без сопствени автономни одлуки и влијание)

_________________________________________________________________________







ПОВОД: МНОГУДЕТНО СЕМЕЈСТВО
- ТРЕБА ДА СЕ ЛАЖЕМЕ, ИЛИ НЕ ЈА ГЛЕДАМЕ ВИСТИНАТА! 



ШТО НЕКОГАШ БИЛО - ТОА Е И СЕГА! 
СЕ МЕНУВААТ САМО АКТЕРИТЕ, ПРИЧИНИТЕ и МЕТОДИТЕ НА ДЕЈСТВУВАЊЕ.




_______________________________________________________________________________



НОВИ ИЗБОРИ СЕ НЕМИНОВНИ - ДОСТА ГЛЕДАВМЕ ЦИРКУЗИ ВО ПАРЛАМЕНТОТ. ПРАТЕНИЦИТЕ ЗАБОРАВИЈА КОГО ГО ПРЕТСТАВУВААТ!           ( 29.09.2012 година )
________________________________________________________________________________

АКТУЕЛНИ ТЕМИ: - ИЗГУБЕНИ ...

Пратениците заборавија дека демократијата не дава само права туку и обврски - или можеби така повеќе им одговара за да ги заштитат нивните лични интереси.

____________________________________________________________________________

ПОЛИТИЧКИ ВИЦ  (А има ли овде политика?)

Си седела враната на елката и дошло зајачето:
-Врано, што работиш?
-Ништо не работам.
-Може ли и јас да седнам тука и ништо да не работам?
-Седнувај.
Зајачето седнало под елката, скрстило шепи…
Дотрчала лисицата и го изела.
„Да бе, заборавив, си помислила враната - требаше да му кажам на зајчето

 дека за да не работиш ништо, треба да седиш на високо..„

______________________________________________________________________________

  Е овој народ, никогаш да се засити - секогаш гладен! (Мислите дека ова е политика!?)

______________________________________________________________________________

5.  ПАПАГАЛИ - КОЛКУ И ДА САКАШ!


ПАПАГАЛИ ... Колку ли ги има меѓу нас? ... Премногу! ... Тешко ними (а и на сите нас) кога не сакаат (или не смеат) да мислат со своја глава. А и зошто и да мислат ... кога за сите нас мисли партискиот лидер - овој или другиот, сеедно.

 Како ли се само накитени, убави, достоинствени, среќни ...
А оние другите? ...
Кои други, тие се маргинализирани, другите не се важни - како и да не постојат.
Но, до кога вака? Време е да се освестиме дека одиме по ивицата на амбисот ...
________________________________________________________________________________

6. ОВЦИ ... КО ОВЦИ!


ДЕНЕС ПОЛТРОНИТЕ ИМААТ ВИСОКА ЦЕНА. Ако сакате да успеете по секоја цена - бидете полтрони. Моралните норми навистина се изместени, но има една поговорка "Кое јагне се заделува од стадото - волкот го јаде". Затоа изборот е ваш ... 
Во разни времиња и општества моралните норми се менувале - тие не се аксиоми за да мораме да ги почитуваме. Интересот е пред се - но не и за мене. Јас нема да ви се придружам во полтронството зашто цврсто верувам дека се што е изместено се враќа на свое место - порано или покасно. Но и се што правиме на штета на другите - секогаш се враќа во иста или поголема мера. Полтрони, размислете со своја глава ...
_______________________________________________________________________________

7. ЗАЈКО ПИШУВА ДОКТОРАТ

Си седел зајко во шумата и си пишувал нешто. Прошла лисицата па го прашала: - Што правиш зајко? - Ништо лиске, еве пишувам докторат. - А, која ти е темата на докторатот? - Темата ми е „Како да одереш лисица“
- А, па зајко не може така. Дојди ајде до грмушката да ти објаснам нешто.
Од грмушката се слушале чудни звуци, викање и после 5 минути излегува зајакот, се тресе и продолжува да си пишува.
После 10 минути поминал волкот и го прашува што прави.
- Ништо волчко еве пишувам докторат.
- А, која ти е темата на докторатот?
- Темата ми е „Како да одереш волк“.
- А, па зајко не може така. Ајде до грмушките да ти објаснам јас тебе нешто.
Од грмушките повторно се слушало викање и после 3 минути излегле гушнати зајакот и мечката.
Му вика мечката на зајакот:
- Гледаш зајко, не е важно која ти е темата за докторатот. Важно е кој ти е ментор! 

_________________________________________________________________________________


10. ПАРАДОКС НА ЖИВОТОТ - ДЕНЕС!


_________________________________________________________________________________


11.    Е, ВО СЕ’ ИМА ПОЛИТИКА!


Кој е петелот, а кој се кокошките?!
Имаат ли иста моќ да го направат понудениот чекор, или сите ќе се издават следејќи го водачот?
Сликата асоцира на многу прашања, а секако и на различни одговори - според интересот, можностите, потребите ...




________________________________________________________________________________

 ЦРНИ ОВЦИ!
(По повод на една од акциите на владата за „чистка„ во своите редови)

МАСКИ

Еј, аде де, маските ви паднаа - време е да си одите. Вашите нечистотии ни снегот не ги покрива.
Само се плашам кој ќе ве замени - да не дојдат волци во овчешка кожа па да ни биде уште потешко!

ПС: Ќе почекаме, има време, учени сме да чекаме и трпиме - но наскоро ќе знаеме за чии маски или фарби се работи. Можеби и ништо нема да се смени, можеби ќе ни остане само надежта .....
ПОСЛЕ АКЦИЈАТА:  - ДА, ТАКА И БЕШЕ, СОМНЕВАЊАТА СЕ ОСТВАРИЈА!
________________________________________________________________________________

АКТУЕЛНА АРЕНА НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА!

Покрај актерите - коалиционите партнери, тука се посматрачите, потпалувачите, противниците, комшиите, „олеснувачите’’, високите претставници ... гледаат сеир и кројат планови кој каква корист може да извлече.


_______________________________________________________________________________



No comments:

Post a Comment