Friday, December 23, 2011

Како Бог одговара на нашите молби и барања?

Како Бог одговара на нашите молби и барања?

Нашата свест не е достојна да го свати Бог, неговото дејствување и неговите манифестации. Но бог е милостлив, доследен и правичен, и секому дава она што му треба и заслужува. А дали сме свесни за тоа?. Дали сме помислиле дека сепак сме го добиле тоа што сме го барале?. Најчесто не сме свесни дека нашите желби се обистиниле, па неправедно го обвинуваме Бог, или почнуваме да се сомневаме во неговото постоење.
Ние имаме право на сопствен избор, но за секој вистински избор мораме да имаме и вистински информации. Правата информација е клуч на успехот за секој наш избор во животот.
Животниот тек не става пред многу дилеми, пред многу раскрсници и пред многу шанси кои несвесно сме ги пропуштиле поради неправилни или нецелосни информации. Да не дозволуваме да бидеме манипулирани, да се посветиме на сопственото изградување, да учиме од сопствените и туѓите искуства, и да го направиме вистинскиот избор.

Еве неколку мудри мисли кои ќе ни помогнат да решиме некои наши дилеми и ќе ја зајакнат нашата доверба во Бог:
Барав Сила.........  и Бог ми даде Потешкотии кои ме зајакнаа...
Барав Мудрост.... и Бог ми даде Проблеми кои требаше да ги решам...
Барав Богатство..и Бог ми даде Здравје и Ум, да можам да работам (а можеби и среќа?)
Барав Храброст...и Бог ми даде Препреки кои морав да ги совладам...
Барав Љубов......  и Бог ми даде Луѓе на кои требаше да им помогнам......
Барав Услуги......   и Бог ми даде Шанси...

„Не добив ништо од она што барав,но добив се што ми требаше.„

Заклучок: Дадените можности треба да ги препознаеме, да се ангажираме за да ги реализираме, и ќе го добиеме она што го бараме. Да се потсетиме и на онаа народната: „МРДНИ ЗА ДА ТИ ПОМОГНАМ“.




No comments:

Post a Comment