Friday, December 23, 2011

СУШТИНАТА на ПОВИСОКИ ФОРМИ НА СВЕСТ


                                                                          СУШТИНАТА на ПОВИСОКИ ФОРМИ НА СВЕСТ

Вовед:
Бог е единствена реалност, и секогаш во состојба на постоење и состојба на манифестирање. Основна манифестација на Бог е Божествената Свест која се препознава низ безброј процеси, меѓу кои е и Процесот на Индивидуализација на Свеста. Тоа е процес на самопрепознавање на индивидуалната свест преку созревање, а тоа всушност е и постепена хармонизација со Повисоките Форми на Свест -  до Божествената Свест (која е највисока форма на свест)
Ова интерактивно духовно изградување започнува во моментот на првото краткотрајно влевање на Индивидуалната Свест во Вишите облици на свеста. Со понатамошниот развој и созревање, ваквата интеракција се повторува се почесто, состојбата трае подолго, и на крај се постигнува трајна состојба на Еднаквост или меѓусебно поистоветување (но Индивидуалната Свест не ја губи својата индивидуалност).
Значи, во моментот на зачетокот се иницира и се манифестира Индивидуална Свест, која како поединечен процес, може да се дефинира во дадено ВРЕМЕ и ПРОСТОР. Од тој момент, почнува процесот на индивидуализација на свеста и хармонизирање со повисоките форми на свест. Свеста, во својот развоен процес, се манифестира низ три облици или нивоа: ниво на СВЕСТА, ниво на ВИБРАЦИЈА и ЕНЕРГИЈА и ниво на МАТЕРИЈА.

1. Ниво на Свеста
Веќе спомнавме дека Свеста од својот почеток како Индивидуална свест, преку процесот на Индивидуализација на свеста, достигнува Повисоки Форми на свест - се до Највисоката Свест или Бесконечната Божествена свест. Бесконечната свест, тешко може да се објасни со нашето ниво на свест. Нашиот ум функционира по начелото на дуалност (или парови на спротивности): позитивно-негативно, добро-лошо, горе-долу, лево-десно, ...итн. На пример, на ниво на умот, човекот ја изразува и доживува љубовта како желба да се живее со некого, да се припаѓа на некого, како потреба да се биде приврзан за некого, да се биде сакан и да се сака....Всушност, во прашање се односи кои подразбираат најмалку два субјекта, додека пак на нивото на Бесконечната свест Лубовта нема две страни и неможе да биде исполнета или неисполнета, возвратена или невозвратена, поголема или помала, а со тоа и не може да се доживее како лична,субјективна Љубов према некого. Единствено што можеме е таа Бесконечна Љубов да ја освестиме, да бидеме Едно со Неа. Ваквата состојба не можеме да ја опишеме на ова ниво на свест.
Развојот на свеста е процес, а процесите ги покренува умот (преку мислите и емоциите). Умот е тој кој „донесува одлука“ дали е нешто позитивно или негативно, но него на повисоко ниво на Свеста - го нема (но Индивидуалната свест на Повисо ниво на Свеста си ја задржува својата индивидуалност).

2. Ниво Вибрации-Енергии
Човекот претставува спој на различни форми на свест, вибрации со различни фреквенции, енергетски потенцијали со различен интензитет и капацитет, и материја од кое е изградено човековото тело.
Нивото на Вибрации-Енергии се манифестира во неколку појавни форми: Умот, Светлечкото тело, Душата и Аурата.  Умот е специфична вибраторно-енергетска творба, тој е спона помеѓу Свеста и Материјата и е основен инструмент преку кого се остварува процесот на индивидуализација на Свеста. Веќе рековме дека во моментот на зачетокот се иницира и се манифестира Индивидуална Свест, но истовремено започнува и конституирањето на Умот, Душата и Светлечкото тело, а се создаваат и предиспозиции за покасно формирање на Аурата (по околу 28 дена после зачетокот).
Умот управува со сите енергетски процеси, а со тоа и другите процеси во физичкото тело. Позитивните или негативните содржини на умот, позитивно или негативно делуваат на нервниот систем, а со тоа и на функциите на подсистемите, како што се имунолошкиот, кардиоваскуларниот, лимфниот, системот за варење и сл. Созревањето на умот, како резултат на ускладување на вибрациите на емоциите и мислите со Свеста , доведува до ускладување на сите процеси во човекот, а во спротивно - се нарушува складот и се појавуваат болестите. Од друг аспект, манифестациите на умот се врска со Процесот на индивидуализација на Свеста, и како такви најмногу влијаат на формирањето на повисока форма на свест.

3. Ниво на Материја
Манифестирањето на Индивидуализација на свеста на ниво на Материја се одвива преку физичкото тело. Материјата и Енергијата се две појавни форми на иста стварност, а разликата е во нивната густина и фреквенцијата на нивната вибрација. Формата на човекот е оптимална за манифестација на процесот на индивидуализација на Свеста. Преку ускладувањето на вибрациите на емоциите и мислите со Свеста, се создаваат услови за здраво физичко тело - се ускладуваат сите процеси во човекот и се постигнува хармонизација на телесниот и духовниот развој.
____________________________________________________________________
Фактори кои негативно влијаат на Реализацијата на Повисоките форми на Свест

1. Негативни емоции и мисли (сопствени и туѓи). 
   Нивното влијание зависи од:
      - менталниот склоп на личноста (карактер, интелигенција, ниво на знаење и сл.)
      - должината на мозочните бранови од негативни чувства и мисли ( пониските мозочни  бранови се и повеќе штетни)
      - степен на ангажираност на мислите и чувствата
      - должината на траењето на штетните мисли и чувства
      - емоционална интелигенција ( мноштво емоции, нивната стреденост и изграденост, емпатија и сл.)
      - односот помеѓу Свеста и Подсвеста, и можноста за делумна контрола на подсвеста
      - штетни психички состојби: Стрес, Страв, Тага, Незадоволство, Лутина, Омраза, Кривица, Депресија...
2. Геопатолошки зрачења (предизвикуваат различни пореметувања на равнотежата на енергијата во поедини органи)
3. Негативни апстрактни зрачења (на посебни предмети и места, а предизвикани само од човек).
Луѓето, најчесто несвесно, предизвикуваат негативни мисли и чувства и ги шират и пренесуваат околу себе како негативни штетни вибрации и енергии. Врзувајќи се за поодделни простории (зидови, куќи, згради...), или за предмети (накит, слики...), овие енергетски структури емитуваат штетна енергија и вибрации. Овие негативни зрачења најчесто можат да се сретнат на места каде се воделе војни, на места каде постоеле логори, затвори (поради мачења, убиства и самоубиства), во болници и станови (каде престојувале болни, страдале, трпеле болки, се плашеле...) и сл. Негативни зрачења можат да се појават и од уметнички предмети и накит, каде авторот пренесол дел од својата негативна енергија додека ги правел, или пак од долготрајни негативни психички процеси - како голема омраза, гнев, лутина и сл.
4. Технички зрачења ( како последица на работа на разни електрични апарати и уреди)
5. Негативни ментално-енергетски склопови (ги создаваат човековите негативни мисли и чувства)
6. Негативни енергетски програми (Магии, Чини), со цел да се наруши нечија енергетска структура, а со тоа и неговото психофизичко здравје. Тоа се свесно направени програми со цел да предизвикаат негативни процеси кај поединци или повеќе луѓе. Со одредени ритуали, злобниот човек се доведува во таква состојба (ниски мозочни бранови и изменета Свест) да може да ангажира или создаде негативна енергија.
7. Негативни енергетски структури во Аурата (се создаваат како резултат на подсвесна реакција)
8. Емотивни лузни (последица од доживеани големи стресови)
9. Негативни енергетски полиња.
Тоа се енергетски структури врзани за поединецот уште при неговиот зачеток и со самото раѓање. Тоа се негативни енергии кои резултираат од многубројни непријатни случувања за членовите на семејството, пратени со стресови и негативни чувства и мисли. Таквите негативни енергетски полиња се пренесуваат со зачетокот, како „кармички долг“.
Секако дека постојат уште многу фактори, но овие се најосновните на кои е пожелно да обратиме внимание.
 ***
За повеќе, прочитај на линкот од овој блог: СВЕСТ, СВЕТОВИ И МОЌИ:

No comments:

Post a Comment