Sunday, October 28, 2012

СПОЗНАЈ СЕ САМИОТ СЕБЕСИ! (и помогни си!)



                                                            СПОЗНАЈ СЕ САМИОТ СЕБЕСИ!
 
      Самиот наслов асоцира на една позната мисла на големиот антички филозоф Сократ - Спознај се самиот себеси!”. Очигледно е дека интересот за самоспознавањето бил актуелен од најстарите времиња, иако и денес е голема енигма за многу од нас. Можеби ќе се запрашаме зошто сеуште не сме доволно свесни за суштината на едно толку битно прашање од нашиот живот, но одговорот е многу едноставен – не сакаме, не можеме, не сме имале можност да дојдеме до такви сознанија, или не веруваме во моќта на нашето спознание за самите себе. Сепак мило ќе ми биде ако одвоите малку време и го прочитате овој краток воведен текст на оваа тема која можеби ќе внесе позитивни промени во вашиот живот, или ќе ве наведе на размислување за областа за која што досега не сте имале никакви сознанија.
      Се’ што работиме, го работиме најдобро што можеме во рамките на нашата свесност, разбирање и знаење кое го имаме. Кога ќе спознаеме повеќе, работите ќе ги работиме поинаку. Овој текст ни дава можност да спознаеме повеќе за нас, за влијанието на нашите убедувања, ставови и мисли врз нашиот живот и можностите за внесување позитивни промени во нашиот живот.
      Како што гледаме, и денешната тема се однесува на духовните спознанија кои се актуелни, но често изворно се неприлагодени за практична примена.  Во моите излагања настојувам да бидам поконцизен и попрактичен, за да се задржи концентрацијата и полесно да се прати суштината на обработуваната тема.
***

Мислата го оплеменува духот, а духот ја оплеменува мислата. Мислата може да биде позитивна или негативна, но човек со оплеменет дух не може да мисли негативно. Мислите ја обликуваат нашата стварност - затоа мораме  да обратиме поголемо внимание на нашите мисли и свесно да размислиме со какви мисли е преокупиран нашиот ум.  Да ги обликуваме нашите мисли спрема нашите желби и потреби, да се ослободиме од омразата, од желбата за освета, од негативните размислувања и очекувања од некои наши активности - и во потполност да ги исфрлиме сите негативните мисли кои секогаш негативно се рефлектираат во нашиот живот и нашето здравје.


       Ние сме господар на нашите мисли, а сите мисли ги создава УМОТ. Снагата на умот е најголемата снага со која располага човекот, но најчесто најголемиот дел од нас не знае да ја користи. Посакуваме се и сешто, нашиот ум е преокупиран со позитивни и негативни мисли кои се одраз на нашите стекнати ставови, но не сме свесни дека се’ што имаме или немаме е наша сопствена заслуга. Се’ што правиме е резултат на нашите животни уверувања. Нашите мисли и чувства ги создаваат нашите искуства и животни уверувања, а секоја мисла во нашиот ум ја креира нашата иднина. Но мислата може да се менува ако сватиме дека нашите животни ставови можат негативно да влијаат врз нашиот живот. Затоа почетокот на позитивните промени е токму сега – во сегашниот момент. Клучот на таквите позитивни промени е во промената на негативните ставови према себе, прифаќање и поштување на самиот себе.
      Ако научиме да се сакаме и поштуваме самите себе, ќе ги сакаме и поштуваме и другите, ќе исчезне омразата, љубомората, огорченоста, грижата на совеста и сите други негативни мисли кои не оптеретуваат во секојдневниот живот. Опростувањето на своите и туѓите грешки создава нова состојба на духот, а состојбата на нашиот дух е одговорна за болестите на нашето тело. Ако создадеме мир и хармонија во своите мисли, истите ќе завладеат и во нашите животи.
     Да ги разгледаме поконкретно ваквите спознанија и потребата од промена на некои наши ставови и убедувања. Да си помогнеме и внесеме позитивни промени во нашиот живот.

   1. Што и колку даваме, тоа и толку добиваме.
За суштината на овој став веќе зборувавне во горното излагање, но овде само ќе го дополниме. Она што мислиме за себе и за животот, тоа постанува реалност во нашиот живот. Ова најдобро може да се илустрира со следните две можни изјави:

-          Сите се против мене, ништо не ми оди како што треба.
-          Сите се пријателски расположени према мене и ми помагаат.
  Секоја од овие изјави одразуваат сосем различни искуства, а различните искуства создаваат различни ставови кои  предизвикуваат и различни мисли.

   2. Секоја наша мисла која ја одбираме и во која веруваме, е подржана од универзалните вселенски законитости.

Нашата свест може да разликува добро и лошо, можно и неможно (иако може и да не излаже), но нашата подсвест прифаќа се’ во што самите веруваме и ја реализира нашата мисла. Ако ова го знаеме, многу подобро е да го избереме ставот „Сите се пријателски расположени према мене и ми помагаат„ а не ставот „Сите се против мене, ништо не ми оди како што треба’’. Вселенските сили никогаш не не’ проценуваат или критикуваат, тие ги прифаќаат нашите лични верувања кои се одразуваат и врз нашите животи. Ако веруваме дека сме сакани од средината, тогаш ќе бидеме опкружени со луѓе кои не сакаат бидејќи според универзалните вселенски законитости – сличностите се привлекуваат.

   3. Да се ослободиме од штетните предрасуди стекнати во животот.

Она што мислиме дека е најдобро, тоа и го правиме. Но сигурно би правеле уште подобро кога би знаеле и кога би имале поголемо разбирање и свесност за тоа што го правиме. Затоа не треба да се осудуваме за тоа што сме го правеле погрешно поради нашите штетни предрасуди стекнати во животот. Многу фактори во животот влијаат при формирањето на нашите ставови, најчесто несвесно или како сплет на околности на кои не сме можеле ниту знаеле свесно да делуваме. Да спонмеме неколку околности кои силно влијаеле врз нашиот живот:
        - Во детската возраст, учиме и го доживуваме животот според реакциите на возрасните кои не опкружуваат. Ако сме биле опкружени со луѓе кои биле несреќни, напнати, лути на себе и средината, нечувствителни, експлозивни и склони кон разни пороци (пијанство, коцка и сл.), тогаш сме примиле многу негативно во себе (Тој е крив за се’;  Не успеав; Неможам да се снајдам; Уште еднаш не правам вакви глупости; Несакам никого да видам; Никој не ми е потребен, и сл.).  Ваквите предрасуди и насилните однесувања создаваат живот со многу фрустрации. Овде да не го заборавиме и влијанието на надворешната средина при детската возраст - другарите, комшиите, роднините, однесувањето на другите деца према нас, училиштето ...
        - Во зрелата возраст, емоционалната атмосвера доживеана во детска возраст, несвесно ја пренесуваме во својот дом. Притоа не размислуваме дали е тоа добро или лошо бидејќи тоа е за нас начин на живот кој сме го понеле од својот дом. Истотака ги пренесуваме и емоционалните односи на родителите према нас, или односите кои постоеле помеѓу нив.
      - Родителите не се виновни за стекнатите фрустрации во родителскиот дом. Затоа не смееме да ги обвинуваме. Тие не можеле да не научат на нешто што и самите не го знаеле. Покрај тоа ние не можеме да ги разбереме проблемите со кои се соочувале и нивните предрасуди кои ги стекнале додека биле деца (ако биле свесни за своите предрасуди, поинаку би се однесувале со нас).

  4. Нашата моќ е секогаш во сегашниот момент.

Креирајќи ги нашите искуства во животот, несвесно сме подложни на нашите уверувања стекнати во детството. Се’ што досега сме доживеале е одраз на нашите мисли и нашите уверувања. Но, тоа е нашето минато кое мораме да го заборавиме ако сакаме подобра иднина – а иднината ја креираме во сегашноста. Затоа е важен овој момент и она што сега го одбираме да мислиме и да веруваме. Сегашните мисли и верувања ја одредуваат нашата иднина. Затоа да бидеме свесни за она што мислиме во овој момент.

  5. Основата на се’ е нашата мисла, а мислата може да се менува.

       Нашето искуство создало кај нас одреден начин на размислување и навика да го применуваме во животот, без да сме свесни дека тоа размислување е наш избор. Но ние можеме да го промениме нашето размислување или некои мисли кои негативно влијаат на нашиот живот. На пример ако мислиме дека ние не сме способни за некои работи, тогаш ќе си создадеме чувство на помала вредност и тоа ќе биде причина за промена на нашето надворешно однесување. Всушност, сите наши наворешни искуства се последица на нашите внатрешни мисли.  А мислите можат да се менуваат – ако ја промениме нашата претходна мисла, ќе исчезне и чувството кое направило промена во нашето однесување. Значи, промената е во сегашниот момент, а минатото нема никаква моќ врз нас.
       Ако го знаеме ова, тогаш да ги отфрлиме негативните мисли кои сите сме ги доживеале во некои моменти. Што повеќе неверуваме во себе, се мразиме или чувствуваме грижа на совест, толку повеќе ни се случуваат негативни работи во животот. И обратно, колку се помали чувствата предизвикани од негативни мисли, толку повеќе ќе забележуваме успеси на разни полиња во животот. Затоа, мораме да се запрашаме:
       Врз основа на кои стандарди сум дошол до негативното мислење за себе?
       Зарем јас немам право на успешен и посреќен живот исполнет со љубов, радост и здравје?

  6.  Негативните чувства се причина за сите наши проблеми.

Често пати сме оптеретени со огорченост или омраза према некој кој не повредил;  се плашиме од промени, од непознати работи, од освета, од неуспех или разни непријатни случувања кои можеме да ги доживееме при различни околности; изложени сме на разни критики или критикуваме се она што не е во согласност со нашите убедувања (или интереси), чувствуваме грижа на совеста кога некого сме повредиле или оштетиле поради разни причини (некогаш и ненамерно) ... и многу други негативни чувства кои ги оптеретуваат нашите мисли и ги создаваат главните проблеми во нашиот живот и нашето телесно здравје. Притоа, за сите негативни работи кои ни се случуваат ги окривуваме другите, без да преземеме одговорност за таквите наши искуства.
         Но, ние сме одговорни за се што ни се случува во нашите животи и сите надворешни случувања се одраз на нашата внатрешна состојба. Така на пример ако ние често размислуваме дека сме неприфатени од средината, дека сите се против нас, дека никој не доаѓа да ни помогне кога ни е потребен, дека сите не искористуваат или не избегнуваат за многу работи – тогаш, покрај негативните чувства кои ги доживуваме, таквите работи навистина ќе почнат да ни се случуваат бидејќи тоа е нашата животна шема. Доколку престанеме да размислуваме на овој начин за себе, тогаш таквите луѓе кои сме ги привлекувале со нашите негативни мисли, ќе исчезнат од нашиот живот и ќе малтретираат некого друг.

  7.  Да го промениме својот став према минатото.

Минатото не можеме да го промениме, но можеме да го промениме својот став и сваќање на она што ни се случувало во минатото. Не смееме да си дозволиме да се казнуваме во сегашноста, затоа што некој, некогаш одамна, не повредил во минатото.
      Најпрво да се ослободиме од омразата, желбата за освета и огорченоста која не оптеретува. Затоа мораме да бидеме спремни на опростување, секому и на себе. Ако не знаеме како тоа да го направиме, доволно е да сме спремни да опростиме. Со тоа ќе го започнеме процесот на позитивни промени во нашиот живот.
     За да се опрости, потребна е желба да заборавиме, да кренеме раце од се што не оптеретува од минатото, без никакви расправии. Желбата да заборавиме е доволна, за се друго ќе се погрижи нашата подсвест и вселенските сили. Да си помогнеме самите на себе, зашто и сите болести доаѓаат од неможноста да се опрости.
    Второто што можеме да го направиме е да се ослободиме од сите стекнати стравови. Ако се увериме дека се’ е безнадежно и ја избереме улогата на беспомошна жртва, тогаш и вселенските сили  (преку подсвеста) ќе не подржат во тоа негативно верување и се’ ќе ни се случува онака како што сме се увериле. Зошто тоа да си го дозволиме?  Затоа да се ослободиме од таквите негативни идеи и верувања, да се ослободиме од сите стекнати стравови и со позитивни мисли да внесеме позитивни промени во нашиот живот. Дури и нашето верување во Бога мора да биде со вера дека Бог ни помага, дека тој е со нас и работи на наше добро, а не дека и Бог е против нас.

  8.  Сакај се самиот себе си!

Веќе рековме дека клучот за позитивните промени во нашиот живот е во промената на негативните ставови према себе и прифаќањето и поштувањето на самиот себе. Само човек кој научил да се сака и поштува самиот себе, ќе може да ги сака и поштува и другите околу себе. Љубовта према себе создава чувство на сигурност и доверба во себе. Самопочитувањето и сигурноста се предуслов за позитивните промени и успех во иднина. Луѓето кои се сакаат самите себе имаат позитивни мисли и никогаш не злоупотребуваат – ниту себе, ниту другите. Да би се сакале самите себе, никогаш не смееме да се критикуваме. Критизерството носи негативни мисли и чувства, затоа мораме да имаме разбирање за себе и да не дозволиме негативните мисли да не влечат назад.
***
    Но некогаш погрешно се сфаќа поимот „љубов према себе„. Тоа не значи суета, ароганција или вообразеност – зашто тоа не е љубов. Тоа е прикриен страв. Љубовта према себе е возвишено чувство кое го исполнува срцето и може да оди во различни правци: љубов према животот, према убавините кои не опкружуваат, према знањето, према други личности, према сопственото тело, према совршенството на природата, према новите духовни и материјални спознанија, према работата, разновидната флора и фауна, и сл.

No comments:

Post a Comment