Monday, August 20, 2012

Потрага-3 ( Свест, Светови и Моќи )


СВЕСТ, СВЕТОВИ и МОЌИ


Разгледувајќи го Дрвото на животот, видовме дека од аспект на макрокосмосот постојат четири светови односно космосот се дели на четири нивоа кои се претставени со Сверите на Дрвото на животот. Нивото на Земјата (материјалниот свет) е последното ниво а претходните три нивоа се духовни или невидливи светови.
Сите светови меѓусебно се поврзани на суптилен начин, владее строга хиерархија према горе и према долу, за сите важат исти закони, но сепак световите се одделени еден од друг со невидливи мембрани (или печати) кои треба да се совладаат за премин од еден во друг свет.
          Највисокиот свет, или највисокото ниво од духовните светови (Atzilut) е претставен со првата Свера од Дрвото на животот и е свет на безгранична универзална енергија, и токму поради својата универзалност, ги превзема и создава сите облици во космосот. Тоа е изворна енергија на Универзумот (Хиндусите тоа го нарекуваат Брахман, највисоко божество, а Будистите – Нирвана).
Највисокиот свет во себе содржи 32 региона кои произлегуваат од Пра-материјата на Универзумот и сите изворни елементи имаат својства на највисока универзалност, а меѓусебно се испреплетени на суптилен начин.   Креативниот свет (Briah) е под Највисокиот свет и истотака спаѓа во високите светови, а содржи 72 региона. Тоа е свет на Елементарни енергии, но и свет на Владеечки трансцедентални сили (или највисоки „богови„ на универзумот).
         Но да се опишуваат високите светови е многу тешко бидејќи тие се надвор од сваќањата на човековиот ум, ако претходно не се постигне потребната свесност за нивно спознавање.
         Регионите всушност претставуваат светови во тие високи светови (како што во материјалниот свет на земјата постојат растителниот свет, животтинскиот свет, човечкиот род, минералите), и секој регион има своја невидлива опна (мембрана), формула, елемент и божество’’ . Ако неискусните иницијанти (кои претходно не ги спознале пониските светови и не ја постигнале потребната свесност и искуство) го добиле клучот за влез во овие високи светови, тие ќе се изгубат во нив, тоа ќе биде за нив вистински пекол, ќе доживеат големи последици на душата или ќе ги снајде моментална физичка смрт (спалување) поради огромните енергии кои постојат во овие светови и за кои треба да се знае како да се контролираат и насочуваат.
Затоа иницијантот мора постепено да се припреми за толку моќно духовно искуство. Пред контактот со вишите сили треба да ги запознае ниските планетарни свери, да воспостави контрола над астралниот свет, да зајакне и достигне одреден степен на свесност и самоконтрола, па потоа може да навлегува во високите светови во кои постојат огромни енергии и  моќи кои тешко се контолираат.

 Животот треба да се прифати како производ на Вишите духовни енергии, да се посматра и учествува во исто време, да се биде субјект и објект и да се постигне единство на субјектот и објектот (што ни го овозможуваат некои техники на Јогата).
       ДУХОВНОТО НИВО е ниво на Архетипски, изворни енергии. Архетипови се концентрати на енергија (со различна големина). Ако човекот нормално живее на одреден индекс на енергија, и ако стапи во контакт со Архетипска енергија, неговите емоции и енергија добиваат огромни вредности кои можат да бидат погубни ако не се правилно контролирани и усмерени кон поголеми системи кои можат да ја поднесат таквата енергија.
         Затоа, во секој од четирите светови односно четирите космички равнини, потребно е да се има и соодветно ниво на свест. Овде поодделно ќе се запознаеме со свеста која егзистира во различните светови, иако постојат повеќе степени на свест кои можат да се сретнат во ист свет (за степените на свеста ќе зборуваме во друга прилика).

     1. СПИРИТУАЛНО НИВО НА СВЕСТ       (Atzilut)
     2. МЕНТАЛНО НИВО НА СВЕСТ (НИВО НА УМОТ)  (Briah)
     3. ЕМОЦИОНАЛНО НИВО НА СВЕСТ     (Yetzirah)
     4. МАТЕРИЈАЛНО НИВО НА СВЕСТ        (Assiah)

Но, пред да почнеме со поединечно разгледување на различните нивои на свест, од практични причини накратко ќе изнесам некои согледувања за меѓусебната суптилна врска помеѓу различните нивои на светови свест, и некои од досега изнесените сознанија во оваа област.
       Ние видовме дека за примена на „Моќта на подсвеста’’, потребни се верување, желба и очекување. Истотака за Моќта на контролата на умот врз телото, мислите, емоциите, концентрацијата, човековите активности, здравјето, решавањето на сложени проблеми и во многу други свери на човековите активности, потребни се верување, желба и очекување. За да се постигнат овие цели, се применува медитација и визуелизација (ќе ги објасниме во следниот пост, при разгледувањето на Моќта на контролата на умот). Мислите и Емоциите се од нематеријална природа и ако неможат одма да се реализираат на матетијално ниво, тие патуваат до Астралниот свет (кој има многу региони - светови во светот), и таму припаѓаат како нематеријални творби и облици иако Мислите се Ментално ниво на свест а Емоциите - Емоционално ниво на свест. Астралниот свет се најдува одма над Материјалниот свет, а врската помеѓу овие два света е нашата подсвест. Но на некој таинствен начин, човекот (материјалниот свет) е споен и со Креативниот свет (Briah) а тоа е свет на идеи и изворна воља од која доаѓаат и изворни (креативни) мисли. 
     Спиритуалното ниво на свест постои во Највисокиот свет, но сиве овие повисоки форми на свест потекнуваат од Индивидуалната свест која е зачната на материјално ниво, поради што нашата Свест низ својот развој може да продре до сите светови. Сепак, секогаш мораме да имаме во предвид дека Изворната воља е појака од Астралниот и и од Менталниот Свет.

1. СПИРИТУАЛНО НИВО НА СВЕСТ   (Atzilut)
Спиритуалното ниво на свест е најмоќно, најтаинствено и најтешко разбирливо за човекот. Всушност тоа е Надсвест во која лежат сите одговори за минатото, сегашноста и иднината. Надсвеста е човечкото повисоко ЈА – тоа е поле на вистината каде човечката свест се проширува со Колективна свест во четврта димензија на егзистенција, од другата страна на простотот и времето. За да се постигне Спиритуалното ниво на свест, потребно е да се прескокне Провалијата помеѓу чивечкото и надчовечкото (Abyss),  но со тоа настанува одделување од свеста и не е можно со зборови да се опише таквата состојба на свест бидејќи човековата свест е ограничена на една форма која ја создава умот (материјална или духовна).

2. МЕНТАЛНО НИВО НА СВЕСТ (НИВО НА УМОТ)
          Ова ниво на свест е најинтересно и блиско до нашите сваќања за супериорност на свеста, и најчесто е нивото до кое посакува да стигне човек кој не е преокупиран со духовноста но во секојдневниот живот се надоградува на интелектуален план и ги осознава тајните на природата и светот во кој живее.
Менталното ниво на свест не воведува во спознавање на телепатијата,  сугестијата, свесна или несвесна хипноза, хипноза на далечина, несвесна магија и слично.

          Нивото на умот или менталното ниво на свеста ја опфаќа целокупната човечка мисла и сите умствени творби. Всушност умот е создавање на форми и облици, односно обликување на универзалната енергија и Архетипските идеи во конкретен облик. Тој е свет на форми (секако нематеријални), тој е Астрален свет (Jetzirah – според Кабалата).
         Секоја мисла на умот е енергија, но е потребен и напор на вољата за да се создаде, да делува или да се пренесе онаму каде е упатена. 
         На материјално ниво, мислата може да патува до друг човек, да влезе во неговиот ум, и да делува на таа личност (доколку наиде на плодно тло). Овој процес го нарекуваме телепатија, хипноза, телехипноза и со други имиња, но сиве овие имиња на процесот си имаат и свои посебности на делувањето. Телепатското делување на други луѓе не е магија бидејќи е дирекна врска која се одвива на ниво ум – ум, и притоа нема кармички последици за тој кој ја упатил мислата.
        За подобро да ја разбереме улогата на преносот на мислата ќе се послужиме со два примера:
       Кога некој трговец треба да го убеди потенцијалниот купувач да ја купи неговата стока, тој ја користи моќта на сугестијата (свесно или подсвесно) покушувајќи да ја процени вистинската желба за купување на таква стока и психолошкиот тип на потенцијалниот купувач (за да примени соодветна стратегија на однесување). Кога мислата односно сугестијата на продавачот ќе дојде во контакт со желбата на потенцијалниот купувач, тогаш сугестијата нашла плодна подлога, и купувачот понатаму е под влијание на желбата на продавачот. Тоа е Сугестија, но е мнолу блиска до лесна хипноза.
      Вториот пример се однесува на Телехипнозата (хипноза на далечина), која може да биде свесна или несвесна. Кога еден човек интензивно размислува за друг човек со кого треба да склучи некој договор, спонтано го планира разговорот и однесувањето бидејќи многу му е важен тој договор, односно има огромна желба да го склучи тој договор. Во планирањето, неговите мисли се интензивни и делуваат на умот на другиот човек со кого треба да склучи договор, иако тој не е свесен за тоа. При нивната средба, работите се одвиваат според упатената мисла и силната воља за реализација на договорот. Бидејќи и овде е воспоставен однос Ум-Ум, ова не е магија туку моќта на умот и силата на вољата. Овде сепак кратко ќе изнесам еден мој личен пример од студенските денови. По положениот писмен дел од испитот (задачи), требаше да се полага усмен дел кај професорот (лекции). Професорот ги даваше прашањата дирекно, едно по едно, а јас силно посакував да добијам и едно прашање кое за мене беше од посебен интерес. Интензивно мислев на тоа бидејќи тогаш силно верував во силата на мислата, и иако веројатноста беше минимална, јас го добив тоа прашање (покрај други две).
       За да се запознеме со поимот Несвесна магија, потребно е најпрво да ги разледаме некои односи меѓу Световите. Материјалниот или Физичкиот свет (Assiah) одделен е од Астралниот свет (Yetzirah) со цврста врата односно полупропусна мембрана (печат). Астралните светови (Светот на ангелите или Обликовниот свет на формите)  свртени се обратно во однос на Физичкиот свет, на сличен начин како одразот на нашиот лик пред огледалото.
Секој човек е споен на Астралниот свет со својата подсвест. Но на некој таинствен начин е споен и со Креативниот свет (Briah), а тоа е свет на идеи и изворна воља од која доаѓаат и изворни мисли.
      Кога мислата патува а човекот преку подсвеста е отворен према Астралниот свет без да знае, тогаш може несвесно да повика (евоцира) суштества од Астралниот свет. Тоа е Несвесна магија. Многу луѓе, без да се свесни за тоа, поврзани се со  суштества од астралниот свет и влегуваат во несвесна магија, најчесто преку мислите или емоциите. Ова не е телепатско дејствување Ум-Ум, туку Магиски ритуал кој е подложен на законот на Кармата (иако не сме свесни за активностите преку нашата подсвест). Одредени знаци за постоење на несвесна магија можат да се забележат преку сонување на чудни соништа, пратење на остварувањето на тие соништа, и утврдување на врска со нашите емоции и мисли. Ако забележиме дека правиме несвесна магија, мореме да се научиме да ги контролираме нашите мисли и емоции, поготово ако тие се негативни и им правиме несвесно зло на луѓето. Бидејќи и несвесната магија е подложна на кармата, според кармичките закони, лошите работи кои несвесно сме ги направиле ќе ни се вратат и ќе мораме и ние да ги доживееме. Затоа да ги чуваме под контрола нашите мисли и емоции, поготово негативните.

3. ЕМОЦИОНАЛНО НИВО НА СВЕСТ     (Yetzirah)
       Во емоционалното ниво на свеста спаѓаат сите емоции како што се: Љубов, Омраза, Радост, Тага, Среќа, Патење, Депресија, Завист, и многу други емоции кои се од нематеријална природа и припаѓаат во Астралниот план на свеста, во светот на Обликување на формите, односно во Астралниот свет (Yetzirah) - кој е над Материјалниот свет. Во астралниот свет постојат илјадници региони (светови во Астралното ниво) од кои ќе ги спомнеме: човечките региони, ниските „ангелски„ и „демонски„ региони, вишите и средните региони и сл. Кај овие региони постои сложена хиерархија и класификација на астралните светови, и нивната евокација се изведува со посебни формули на разни магиски системи. Во овие системи се дадени клучевите односно формулите за евокација на поедини региони од Астралниот свет (Yetzirah), но за вишите светови – Највисокиот свет (Atzilut) и Креативниот свет (Briah) не постојат никакви клучеви при ова ниво на развој на човештвото, бидејќи тие клучеви не можат да се визуелизираат. Највисоките светови можат да се достигнат само како поклон или благослов и избор на самиот дух.
      Врската помеѓу мислите и емоциите е причинско-последична, но понекогаш се јавуваат чудни емоции кои не се предизвикани од мислите или било какви свесни делувања. Такви емоции можат да бидат од духовна природа (делување на црна магија, делување на астрална енергија која допрела до свесниот ум, делување на духовна карма и сл.).
     За човекот емоциите се движечка сила, мотивација, извор на среќа или несреќа, рај или пекол. Постојат милијарди неисполнети желби на планетарно ниво, а секоја мисла или желба, според законот на кармата, останува запишана и делува невидливо во астралниот свет во кого и астралните суштества имаат свои мисли и желби и сакаат да ги остварат. Кога човекот ќе заборави на некои мисли или желби, тогаш тие преминуваат во пониските светови и со нив се хранат демоните на пониските подземни светови. Неисполнетите желби формираат црни облаци кои се враќаат назад на земјата и предизвикуваат катастрофи и несреќи на земјата, војни, болести и сл. Но од друга страна, црни облаци лутаат и низ многубројните астрални региони и го попречуваат нормалниот проток на духовна и материјална енергија. Тоа се т.н. Елементали (кои имаат голема улога и моќ).
      Во астралниот свет, покрај мислите, желбите и емоциите, патуваат и Потиснатите емоции и Траумите од детството, а пренесени преку подсвеста во која претходно се формирале.
     Луѓето потиснуваат голем број на емоции (омраза, љубомора, љубовни емоции и сл.) бидејќи од разни причини неможат да ги изразат на материјално ниво. Потиснатите емоции се задржуваат во подсвеста, а преку подсвеста (без да е свесен човекот за тоа), патуваат према астралниот свет. На сличен начин и создадените трауми од детството и зачувани во подсвеста, го најдуваат својот пат до астралниот свет. Затоа секој иницијант, пред влезот во астралните светови, мора да ја запознае својата подсвест, да ги прочисти емоциите и да постане свесен за своите мисли и емоции. Ова е важен услов бидејќи потиснатите емоции и трауми можат подсвесно да евоцираат негативни сили.

4. МАТЕРИЈАЛНО НИВО НА СВЕСТ        (Assiah)

        Иако под овој наслов природно би се очекувало да зборуваме за улогата на свеста во текот на човековите активности во материјалниот свет во кој живееме, ние сепак тоа ќе го препуштиме на Психологијата бидејќи овде зборуваме за повисоки форми на свест со кои не се занимава Психологијата (како наука, овие феномени се надвор од нејзините свери на интерес).
        Поради тоа, овде ќе се запознаеме со тајните на човековата свест (а човекот е е дел од материјалниот свет) и нејзините можности при разни степени на развој - од својот почеток како Индивидуална свест, достигнување на Повисоки форми на свест преку процесот на Индивидуализација на свеста, па се до Највисоката Свест или Спиритуалното ниво на свест во Највисокиот свет. Менталното и Емоционалното ниво на свест (како повисоки форми на свест) припаѓаат на Астралниот свет - Светот на обликување на формите, а Менталното ниво на свест повремено продира (на суптилен начин) и во Креативниот свет.
         Сепак, сиве овие повисоки форми на свест потекнуваат од Индивидуалната свест која е зачната на материјално ниво, но преку Процесот на индивидуализација на Свеста, се издигнале кон повисоките форми на свест. Така нашата Свест низ својот развој може да продре до сите светови, но има и многу тајни кои сеуште стојат на патот на спознанието на нашата моќ.

          Материјалното ниво на свеста (или физичко ниво - Assiah) е претставено со последната свера на Дрвото на животот (бр.10 - Malkut), и го претставува нивото на земјата – единствениот материјален свет. Со последната свера (бр. 10) се допираат демонските свери и светот на подземјето, небото се споило со земјата, идејата и формата се остварила а мислата се материјализирала. Тоа е крај, но може да значи и нов почеток. Тоа е Закон на духовниот и материјалниот развој на универзумот, на сите негови светови.
          Но, на ова ниво на свест, постојат многу тајни. Така на пример, тајната на последната свера (малкут) и допирот со подземниот свет е најголема тајна на окултните учења.
         Ако замислата на небеските сили не е остварена, и небото не се споило со земјата, тогаш се мора да тргне од почеток - идеите и замислите мораат да се усовршуваат, а некои идеи да се отфрлат. Помеѓу небото или Највисокиот свет (во кој постои спиритуална свест - Atzilut) и Земјата (Assiah), се најдуваат сите останати планетарни свери од кои сите суштества тежнеат према земјата - бидејќи земјата е сокриено небо (краен производ на небеските сили) и клучот за напредокот и развојот.
        Еве уште една голема тајна – моќта на човекот над духовните суштества. Иницијантот кој ги надвладеал емоциите и ги ставил под контрола некои астрални сили и духовни суштества, владее со нивната огромна моќ, а тие се слепи иако го гледаат. Но изгледа дека човекот им е потребен на духовните суштества и астралните моќи (пр. Елементали), зашто нивната моќ изгледа доаѓа до израз само во допир со земјата. Од друга страна, човечкиот род не ги гледа духовните светови кои делуваат на суптилен начин преку емоциите и мислите на сите луѓе. Тоа е голема тајна како човекот може да ги покори и владее со ангелите  и боговите.
      Како што гледаме, на Материјално ниво на свест (физичкото ниво), постојат многу тајни. Тоа е можеби затоа што материјалниот свет, претставен со последната свера на Дрвото на животот (Малкут) е крајот – крајната реализација, а секој крај може да значи и нов почеток – почеток кој кај Дрвото на животот е првата свера (Кетер). За посликовита претстава ќе се послужиме со еден реален пример – кога пуштиме да свири некоја мелодија или песна, таа почнува од почетокот, но кога ќе дојде до крајот, поново се враќа на почетокот (иако постојат и дополнителни предуслови).
***
Ниеден свет, или регион неможат да се опишат самостојно бидејќи сите се меѓусебно поврзани со највисокиот дух кој преку универзални закони управува со еволуцијата на свеста на луѓето и духовните сили. Земјата (Assiah) е одраз на сите духовни светови бидејќи сите светови во универзумот делуваат према горе и према долу. Така на пример ако човекот (кој е во материјалниот свет) има мисла во главата која сака да ја оствари, таа преку потсвеста оди во астралниот свет (кој како и мислата е невидлив свет). Мислата ќе се материјализира во материјалниот свет (повратна врска од астралниот во материјалниот свет) ако постои желба и силна воља. Значи, сите одговори се околу нас и во нас, но треба да се видат и разберат.
***
Според некои други гледишта, постојат многу повеќе нивои на свест, но тие гледишта зборуваат и за ниво на свест по региони (светови во четирите света на ниво на макрокосмосот, кој ние го разгледувавме). Така на пример на земјата (како материјален свет) постојат четири региони (светови во материјалниот свет) и во секој регион постои посебен степен на свест.
          Да бидеме пократки, ќе кажеме само малку на оваа тема, а поопширно можеби во друга прилика. При ова ќе спомнеме дека секое ниво со повисока свест ја има и свеста од пониските светови кои имаат пониско ниво на свест (бидејќи ја користат нивната енергија). Човекот пие вода, и се храни со растителен и животински свет. Значи тој ја користи енергијата од пониските светови и затоа во него постои и пониската свест од овие пониски светови. Од друга страна, рибата (животински свет) живее во водата и е на повисоко ниво на свест од водата, но бидејќи живее во водата мора да се прилагоди на нивото на свеста на водата. Водата не е свесна за рибата во неа, но рибата е свесна за водата во која живее ...
За повеќе, понатаму при разработка на други теми од оваа област.
***
За свеста, нејзината природа и индивидуализација на свеста, како и факторите кои негативно влијаат при тежнеење кон повисоки форми на свест, повеќе може да се прочита во еден од постарите мои постови, на следниот линк:
Петар Лука

Sunday, August 12, 2012

Потрага-2 (ДРВО НА ЖИВОТОТ)


ДРВО НА ЖИВОТОТ

Централна точка околу која се движи целата филозофија на мудроста Кабала, е комплексниот симболички дијаграм „ДРВОТО НА ЖИВОТОТ’’.  Дрвото на животот е дијаграм на постоечките космички снаги – како во макрокосмосот, така и во микрокосмосот (човекот), и нивните односи.
            Разбирањето на Дрвото на животот е разбирање на Божјиот план за создавање на Вселената и сите видливи и невидливи светови, разбирање на природните закони кои владеат во макро и микро космосот, силите кои дејствуваат, животот во сите негови облици, разбирањето на мислите и емоциите, минатото, иднината и сегашноста.
           Дрвото на животот е тесно поврзано со Еврејската мудрост Кабала, со многуте филозофски Системи на Истокот, со Херметизмот во Западниот свет, со Тарот картите – но Дрвото, само за себе е над сите религии, филозофии и окултни учења. Тоа е универзален систем на размислување.
        Да ја разгледаме неговата структура како филозофска машина, а покасно и неговата практична примена.

Дрвото на животот има 10 СВЕРИ или СЕФИРОТИ.
         Се што постои, секој предмет или живо суштество, секој облик на енергија, космичка манифестација, мисли, емоции и сите движења, можат да се класифицираат под еден од десетте сефироти.
         Дрвото на животот претставува психолошка машина која служи за решавање на различни субјективни и практични проблеми, овозможува практичен начин на контрола на енергиите, како и постигнување на повисоки форми на свест. Всушност тоа е најсовршен психички компјутер кој е заснован во нашата подсвест преку координирани вежби на визуелизација и медитација во склад со својствата на Сефиротите и нивните меѓусебни врски и односи.
         Секој Сефирот има свое име, број, својства и магијска формула која ја побудува неговата активност (тоа се зборови кои при изговорот вибрираат на посебен начин, а тие вибрации ја активираат космичката снага инкарнирана во човекот). Сафиротите имаат и одредена боја со која работиме при процесот на визуелизација.

         Десетте Свери или Сефироти се распоредени во три столба.
Левиот столб е пасивен (столб на космички форми) а Десниот столб е активен (столб на космички снаги). Всушност такви парови на спротивности се манифестираат во целиот универзум – атомот, галаксиите, личноста на човекот, семејството, итн. Најчести парови на спротивности кои добро ни се познати се:  машко-женско, добро-зло, топло-ладно, светло-мрачно, акција-реакција, патење-задоволство, притисок-отпор и сл.
Притоа, ниедна од овие крајности на меѓусебни спротивности не е добра ако не е во хармонија со нејзината спротивност. Топлото не е секогаш добро, ниту ладното секогаш лошо. Добро е ако постои меѓусебна хармонија, а лошо е ако постои нивна неускладеност, односно нема баланс помеѓу тие две енергетски дејства. Дури и преголемата добрина не е добрина туку слабост.
       Херметизмот избегнува екстреми, тој тежнее кон Средната стаза или Стазата на мудроста. Таква стаза претставува средниот столб на Дрвото на животот, и кон таа стаза треба да тежнее нашата психа. СРЕДНИОТ СТОЛБ е хармоничен спој или дијалектичко единство на спротивни квалитети.

     
Во левиот столб се Сафиротите (Сверите)  бр. 3, 5, и 8, а во десниот столб се Сафиротите (Сверите)  бр. 2, 4, и 7.
Во средниот столб се Сафиротите (Сверите)  бр. 1, 6, 9, и 10, но и уште еден кој нема број бидејќи е во процес на психичка еволуција на човечкиот род, и сеуште не е формиран.

       Сите видови на космички енергии кои можат да се употребат преку психомагиски операции, имаат одредени психички симболи (слики) со кои се претставуваат. Преку свесна манипулација со симболите се доведуваме во положба да можеме да манипулираме со снагите чии израз се споменатите симболи.
       Гледано од аспект на макрокосмосот, Дрвото на животот ни ги претставува четирите светови односно четирите космички равнини претставени со соодветните сефироти (свери) од Дрвото:
      1. Највисок свет  ( Првата свера – Кетер)
      2. Креативен свет ( 2 и 3 свера)
      3. Астрален свет (4-та до 9-та свера)
      4. Материјални свет ( 10-та свера)
Во астралниот свет се ’ангелите’ и другите астрални суштества кои имаат свој облик. (Овие светови имаат и свои имиња, последователно – Atzilut, Briah, Yetzirah, Assiah)
          Бидејќи секој човек е микрокосмос во однос на макрокосмосот, Дрвото на животот е дадено во секој човек и само по себе, како психолошка машина, тежнее кон уравнотежување на енергиите.  Гледано од аспект на микрокосмосот, Сверите на Дрвото на животот кое го формираме во подсвеста, се распоредени на следниот начин (види ја следната слика):
Ако сакаме да постигнеме резултати, мораме во подсвеста да формираме сопствено Дрво на животот. Во системот на односи кои тоа ни ги овозможува, ќе го најдеме и клучот за вратата на мудроста и вистински контакт со космичките снаги бидејќи психичката енергија се кондензирала во висок степен зад симболите на Сверите.
        Психичките слики се упатуваат до ПОДСВЕСТА која е магијски посредник, а СВЕСТА одлучува, врши контрола и усмерување. На овој начин, сите магијски операции (бела магија) се индирекни. Вистинската операција ја врши подсвеста (подсвесен слој на духот) – работејќи со соодветни слики (психички симболи на космичките енергии).
           Покрај десетте Сефироти, постојат и 22 Стази кои ги поврзуваат Сефиротите. По овие стази се движи имагинацијата при практична работа. Нивните броеви се од 11 до 32.  Но, да преминеме на анализа на сефиротите и нивните својаства:

1.  СВЕРА-1    (КЕТЕР)
            Овој Сефирот е првиот во Дрвото на животот (бр.1), а негова боја е бојата на Сончевата светлина – блескаво бела. Асоциран е со поимите ПОЧЕТОК и КРАЈ. Тука се новите идеи, пронајдоци, нови концепции, нови организации, истражувања ...  но и случувањата во иднината, разни изненадувања, резултати, последици и се што е врзано со она што не очекува. (Магична моќ – Соединување со Бог, Значење – Круна (над се)).

2.  СВЕРА-2    (ЧОКМАХ)
          Има број 2, и сива боја. Овој Сефирот ја претставува примарната машка енергија (не само во сексуална смисла). Тоа е позитивен пол, таткото, татковскиот симбол, машкиот авторитет, претпоставениот, државата, статичкиот електрицитет, магнетизмот, екстрасензорната перцепција и сл. (Магична моќ – Разговор со Бог во директен контакт, Значење – Мудрост)

3.  СВЕРА-3    (БИНАХ)
        Има број 3, и црна боја. Овој Сефирот ја претставува пасивната (женска страна) на космичката егзистенција. Со него се асоцирани сите поими кои припаѓаат на формата, ограничувањата и рестрикциите. Тука спаѓаат ограничувањата кои ни ги наметнува полот, годините на староста, физичката состојба, финансиската состојба и слично, како и социјалните и законските рестрикции.  Всушност, овој Сефирот се однесува на на се’ што е поврзано со семејството и домот кој претставува најизразена област на женската активност.
Имајќи ги овие атрибути за третиот Сефирот, подобро е сами да ги изведеме останатите поими кои овде припаѓаат.  Но еве уште неколку поими кои интуитивно ќе не насочат: разни градби, домови, болници, наследство, антички работи, стари планови, стари луѓе, долгови и нивна отплата,  смрт, рудници, ливади, шуми, земјоделие и сл.  (Магична моќ – Визија на Тага, Значење – Разбирање)

4.  СВЕРА-4    (ЧЕСЕД)
        Овој Сефирот има број 4, и плава боја. Главниот атрибут на оваа свера е Љубовта во космичка смисла на зборот – општ развој и усовршување,  подобрување на постоечките работи, плодност, експанзија, богатство, племенитост, лекари и други професии каде доаѓа до израз љубовта како творечка, племенита и развојна сила.   (Магична моќ – Визија на Љубов,  Значење – Милост)

5.  СВЕРА-5    (ГЕБУРАХ)
        Има број 5, и светло-црвена боја.  Главниот атрибут на оваа свера е Коренита промена.  Овде спаѓаат:  енергија, одлучна и брза акција, војна, лутина, бес, брзина, деструкција, револуција, оружје, полиција, месари, кланици, хирурзи, забари, сексуална енергија, телесна виталност и снага, иницијатива, конфликти (лични и интерперсонални), критични расудувања и нивни одлуки и сл.  (Магична моќ – Визија на Моќ,  Значење – Строгост).

6.  СВЕРА-6    (ТИФАРЕТ)
       Има број 6, и златно-жолта боја.  Оваа свера Тифарет е центар на целокупната конструкција на Дрвото на Животот, а со тоа и Фактор на балансот. Процесите и предметите со кои доминира оваа свера се однесуваат на сегашноста (но никако на минати или идни активности). Главните атрибути на Тифарет се: Развој во секој поглед, живот, здравје, успех, моќ, ментални способности, имагинација, илуминација, пари, раководители и сл.  (Магична моќ – Визија на Хармонија,  Значење – Убавина)

7.  СВЕРА-7    (НЕЦАЧ)
       Има број 7, и смарагдно-зелена боја. Главните атрибути на оваа свера се емоциите (како посебен вид на космичка енергија) кои носат вистински задоволства, но не сентименталности или општествени конвенции на разни празни љубезности ( Добар ден, како сте, мило ми е што те гледам ...). Овде спаѓаат сите врсти на задоволства, уживање во уметноста, музиката, во се што е убаво, екстраваганција, луксуз, забава, мода, убава и скапа облека, накит, дијаманти, крзна, жени (но не домаќинки), козметика, парфеми, афродизијаци, социјален статус и сл.  (Магична моќ – Визија на убавините на Триумфот,  Значење – Победа).

8.  СВЕРА-8    (ХОД)
        Има број 8, и портокалова боја.  Главни атрибути на оваа свера се: Бизнис, Продавање и Купување, Спогодување и Ценкање, Договори во пишана форма, Писателски способности и пишување, Книги, Стекнување на знаења и пренесување на знаења и информации, Учење, и полагање испити, Применета наука, Психичка маѓија и сл.  (Магична моќ – Визија на Сјај,  Значење – Сјај).

9.  СВЕРА-9    (ЈЕСОД)
        Има број 9, и љубичаста боја.  Главни атрибути на оваа свера се: Чулни реакции, Психички појави, Сонови, Подсвест, Биолошки функции на животот, Личноста и цртите на личноста, Перење, Кување, Жени, Млеко и млечни производи, Промени, Флуктуации, Општа јавност.  .  (Магична моќ – Визија на „машините’’ на универзумот,  Значење – Темел).

10.  СВЕРА-10    (МАЛКУД)
           Има број 10, и повеќе бои - боја на рѓа, маслинаста, лимун-жолта, и црна боја. Оваа свера е единствена кај која ги сретнуваме четирите бои одеднаш. Тоа е поради нејзините атрибути. Имено, Сверите (сефиротите) ги визуелизираме како обоени балони со пречник од 10 до 15 см. Кога ја визуелизираме оваа свера, мора да ги визуелизираме сите четири бои. Горниот дел го замислуваме во боја на рѓа, средните делови - маслинасто и лимун-жолта, а долниот дел на балонот – црно.
Оваа свера е свера на физичкиот свет односно светот на материјално ниво на постоење. Тука е физичкото тело, предметите имотот и целокупниот физички универзум. Нашето физичко тело, како материјална стварност е извор на многу предизвици на патот кон духовниот развој и надминување на пречките кон повисоките форми на свест.
 Но најинтересно својство (атрибут) на оваа свера е Процесот на материјализација, односно преминот на апстрактните предмети, идеи и желби – во стварност.  (Магична моќ – Говор со  ангели,  Значење – Kralstvo)


СВЕРА- ДААТ  
         Оваа свера нема број, а бојата и е Сребрено-Сива.  Главните атрибути на оваа свера се:  Интуиција, Синтеза, Инспирација, Решавање апстраккни проблеми, Апстрактна математика и др.


ДА ЗАКЛУЧИМЕ:

1. Дрвото на животот е сржта на целокупната филозофија и практичната примена на мудроста КАБАЛА. Тоа верно ги претставува односите на космичките снаги во човекот и универзумот.

2. Дрвото на животот служи за Класификација на окултните знаења и како Психолошка машина за развој и решавање на практични проблеми.

3. Дрвото на животот има 10 Свери или Сефироти во кои може да се класифицира се’ што постои во универзумот и човекот како физичка и духовна творба. Секоја Свера има своја Боја, Број и Магијска формула со која се активира.

4. Сверите на Дрвото се распоредени во три столба. Во практичната примена најважен е Средниот Столб, кој претставува Столб на Рамнотежа помеѓу екстремни манифестации.

5. За да би постигнале практични резултати, мораме во сопствената подсвест да го формираме Дрвото на Животот. Со дадените објаснувања и вежби, ќе го постигнеме Процесот на визуелизација на Сверите во одредени зони на нашето тело.

6. Сверите се поврзани со 22 Стази ( од 11 до 32).

7. Потребно е да се научат напамет Бројот, Бојата и Магиската Формула на секоја Свера, како и нејзините атрибути (својства, особености) кои по логика можат и да се прошируваат. Магиската формула не се изговара на вообичаен начин, нејзиниот изговор е вибрационен процес кој покасно ќе биде објаснет.
Петар Лука

Saturday, August 4, 2012

Потрага-1 (МАТЕРИЈАЛНА И ДУХОВНА ЕГЗИСТЕНЦИЈА)


1. МАТЕРИЈАЛНА И ДУХОВНА ЕГЗИСТЕНЦИЈА

Вовед:        Додека Запаните земји се посветуваа на материјалните вредности и надворешниот свет, Истокот се ориентирал према внатрешниот субјективен свет, духовната равнотежа и контрола, свесно тежнеење кон психички развој и лична еволуција. При ваква спиритуална ориентација, се јавуваат и многу филозовски движења кои имаат иста цел – САМОРЕАЛИЗАЦИЈА  (Единство со Бог, Спознавање на Бог во себе, и сл.)
        Човечката свест и нејзините функции, влијанието на духот врз телото и обратно, психичките феномени, функцијата на подсвеста, телепатијата, трансот, техниките на концентрација и медитација – биле заеднички области на интерес и проучување кај сите овие различни системи кои преку најразлични експерименти доаѓале до нови сознанија во областа на духовноста. Поради тоа, многуте филозовски системи кои се развивале и  тежнееле кон иста цел, развиле и различни техники на примена - иако тоа се само различни гранки на едно исто дрво.

     Сепак, Самореализацијата, односно достигнување на Единство со Бога е само исклучиво лично спознавање кое не може да биде и дефиниција за суштината и смислата на животот бидејќи пренесено преку нивотото на умот, не може да биде одраз на вистинските спознанија поради ограничените можности на умот како манифестација на свеста. За да можеме ова да го сватиме, мораме да се потсетиме дека уште при зачетокот на човекот се иницира и се манифестира Индивидуална свест која како поединечен процес може да се дефинира во дадено Време и Простор.  Од тој момент, почнува процесот на индивидуализација на свеста и хармонизирање со повисоките форми на свест. Ако на индивидуален план (лично спознавање) се постигнала Највисоката форма на свест (Спиритуално ниво на свест, Единство со Бог, Самореализација), таквата свест не може објективно да се пренесе и прифати од индивидуалната или индивидуализираната повисока форма на свест бидејќи тие сеуште се во развој и се ограничени за толку високи спознанија.  
***

       Поделбата на светот на жива и нежива природа е нереален поглед кој е извор на многу заблуди и кочница за психичкиот развој и постигнување на повисоки форми на свест.
       Материјата и енергијата се две појавни форми на иста стварност (да се потсетиме на Теоријата на релативитетот од Ајнштајн), и само фреквенцијата на вибрирање е одлучувачка дали ќе биде во спектарот на материјата или во спектарот на енергијата.
       Парчето железо кое на прв поглед е мртва природа, под надворешната непроменлива форма крие огромни енергии на атомите чии електрони хармонично се движат по определени кружни патеки околу јадрото и со својата огромна брзина даваат впечаток на цврстина. Значи нема неподвижна материја, а секое движење е живот – целокупниот универзум вибрира и живее според природни законитости кои за нас, во најголем дел, се непознати или за нив имаме погрешни представи.
  Материјата, Енергијата и Животот се три вида на манифестација на Постоењето (егзистенцијата). Животот е еден и неделлив, но неговите појавни форми се бесконачно променливи и полиморфни.

Во вечното движење постои универзална хармонија и тежнеење кон повисоки и посовршени форми на егзистенција – напредување кон повисоки форми на свест.
Свеста егзистира во се’ што постои, што се движи или манифестира на било кој начин. Таа секогаш останува иста и непроменлива, но нејзината појавна манифестација е различна за различни степени на откритие на истата свест.
         Најнизок степен на појавна форма на свеста во физичкиот универзум имаат минералите кај кои се манифестира преку законитостите на нивната структура и хармоничкото движење на електроните кои тежнеат кон кристализација (која е повисока форма на свест од аморфната структура на минералот).
Во процесот на еволуција на појавните форми на свеста, ниските форми служат како база за развој на повисоки форми кои ги содржат компонентите на свеста од пониските форми (и обратно – пониските форми ги содржат компонентите на повисоките форми на свест, но дел од нив не се манифестирани во пониските форми).
        Кај растителниот свет се формираат нови посовршени форми на егзистенција, а слоевите на материја кои ја прекриваат истата универзална свест, сега се потанки и овозможуваат повисока форма на вибрација.
Во текот на еволуцијата на свеста, животинскиот свет настанал од растителниот свет, како што растителниот свет настанал од неорганскиот минерален свет.

       Човекот по својата природа е и психолошко битие кое тежнее кон сопствена самореализација, откривање на спиритуалната свест во себе, откривање на сопственото вистинско ЈАС. Во формите кои се пониски од човекот, пластовите на материјата се многу густи и ја замрачуваат Спиритуалната Свест.
       Со интелектуалниот и спиритуалниот развој човекот продира во себе и трага по Вистината која е во нас, а не надвор од нас. Човештвото постепено напредува кон постигнување на повисоки форми на свест, но ако го зголемиме напорот – ќе ја забрзаме и својата психичка еволуција. Со зголемен напор се намалува незнаењето и се отстрануваат препреките на патот до своето вистинско ЈА – до спиритуалната свест во нас.
       Науката тежнее кон задоволување на човековите материјални потреби и намалување на човековиот труд за задоволување на тие потреби. Но ваквото трагање за смислата на животот и среќата, по патеките кои се надвор од човековото битие, е погрешно трагање и не води до целта. Со задоволување на една желба, се јавува нова желба која потешко се задоволува – човековите желби и потреби растат многу побрзо од можностите за нивното задоволување. Науката никогаш не може да ги задоволи човековите потреби бидејќи тие по својата природа се психолошки.
       Приврзаниците на херметизмот (научен правец на сите тајни науки) трагаат по Вистината која е во нас, а не надвор од нас. Тие се стремат кон повисоки форми на свест, а кога ќе ги постигнат, споменатите човекови потреби изгледаат сосем поинаку. Голем дел од херметичките знаења кои се ширеле во затворени кругови и под заклетва, покасно биле основа за брз развој на научните достигнувања. Но херметизмот има и свои тајни, се развивал во разни правци, а некои херметички знаења се злоупотребувале за лични интереси. Затоа, кога навлегуваме во овие науки мораме да бидеме крајно внимателни за на не западнеме во неочекувани непријатности.
Со херметички тренинг се будат психичките способности, се согледуваат нови односи меѓу предметите и појавите, се надминуваат сопствените слабости и се издигнуваме над човечката себичност и егоцентризмот. Практичната работа ја сведуваме на елиминирање на слабостите преку напорна работа со Дрвото на животот и другите оперативни техники кои не водат до целта. Според моите досегашни сознанија, Кабалистичките методи за психички тренинг даваат солидни практични резултати. 
        А која е основната цел на овој психички тренинг?  Секако дека целта е повисоко ниво на свест односно постигнување на квалитативно нов степен на свест и свесно функционирање на тој степен на свест. Крајната цел е комплетен увид во сопствената природа, светот и односите со светот. Оваа состојба се нарекува Космичка Свест бидејќи во неа исчезнуваат границите помеѓу Субјектот и Објектот. 
 
***
Бидејќи мудроста Кабала претставува широка и доста сложена материја тешка за проучување и практична примена, преку оваа серија на постови на оваа тема ќе се обидам на поедноставен начин да пренесам некои основни познавања кои овозможуваат теоретски и практични знаења со кои во извесна мера може да се манипулира со околностите во социјалниот и физичкиот свет во кој живееме. Ќе се запознаеме со чудесните снаги на човековиот дух, но притоа мораме да бидеме свесни дека е потребен психички тренинг, упорност и голем физички напор.
Во текстот често ќе го сретнуваме поимот "Психичка магија" , а се однесува на намерно и свесно предизвикување на промени во сопствената свест и светот околу нас, со силата на нашата воља. 
 Психичките закони се постари од сите религии и филозофии, применливи се за многу животни проблеми и останале непроменети во текот на целокупниот развој на човекот.

Петар Лука