Tuesday, February 14, 2012

Дали бог создал се што постои ?


Дали бог создал се што постои ?
  Професорот:   Дали бог создал се што постои ?
  Студентот:     Да професоре, бог создал се што постои.
  Професорот:    Ако Бог создал се, тогаш го створил и злото.  Значи, Бог е злобен.
Студентот немал одговор, а професорот задоволно констатирал дека уште еднаш докажал дека она во што веруваат христијаните, всушност е само мит.
     Но, еден друг студент побарал одобрување од професорот за да постави прашање.
     Професорот посакал да го слушне прашањето.
          Студентот:    Професоре, дали постои студенилото?
          Професорот:  Какво е ова прашање?  Се разбира дека постои.  Зарем никогаш не ти било студено?  (студентите се засмеале на прашањето од колегата).
          Студентот:   Според законите на физиката,она што ние го сметаме за студенило - во стварноста е отсуство на топлина. Секое тело или објект, има или пренесува топлина (кога неговата температура е повисока во однос на стредината).  На апсолутна нула постои потполна отсутност на топлината и сите нешта стануваат инертни. Значи студенилото не постои, ние го создадовме тој збор за да опишеме како се чувствуваме кога немаме доволно топлина.   
          Студентот продолжил со друго прашање:   Професоре, дали постои темнина?
          Професорот:  Се разбира дека постои !
          Студентот:     Повторно немате право професоре, темнината не постои. Темнината е всушност само отсуство на светлина. Светлината можеме да ја проучуваме а темнината не. Всушност можеме да се послужиме со Њутновата призма и да ја претвориме белата светлина во многу други бои и да ги проучуваме различните должини на светлосните бранови на секоја боја. Темнината не можеме да ја мериме. Како можете да дознаете колку некој простор е мрачен?   Темнината е поим кој што луѓето го користат за да опишат што се случува кога нема светлина.
         Студентот на крај запрашал:  Професоре постои ли злото?
         Професорот, сега веќе посигурен во себе, одговорил:  Се разбира како што ви реков. Злото го гледаме секој ден, најчесто во секојдневните примери на човековата нечовечност кон другите луѓе, во злоделата и насилствата ширум светот. Овие манифестации не се ништо друго туку зло.
        Студентот:  Професоре злото не постои, злото е едноставно отсуство на бога.  Како темнината и студенилото, тоа е поим кој луѓето го создале за да го опишат отсуството од бога. Бог не го створил злото.  Злото не е како верата и љубовта кои постојат токму како што постојат светлината и топлината.  Злото е последица на она што се случува кога во срцето на човекот не е присутна божјата љубов, токму како што студенилото го доживуваме во отсуство на топлина или како мракот кој се случува кога нема светлина.

            Наравоучение:  Извлечете сами !

Да заклучиме:  Бог создал се што постои, но бог не го створил злото. Злото е поим кој луѓето го создале за да го опишат отсуството од бога. Злото не е како верата и љубовта кои постојат токму како што постојат светлината и топлината. Злото е последица на она што се случува кога во срцето на човекот не е присутна божјата љубов, токму како што мракот е последица во отсуство на светлина.

No comments:

Post a Comment