Sunday, January 8, 2012

СВЕТЛЕЧКО ТЕЛО

                                               СВЕТЛЕЧКО ТЕЛО
Во постот  „Повисоки форми на свест’’ видовме дека нашата свест (Индивидуалната Свест) е процес кој се дефинира во дадено ВРЕМЕ и ПРОСТОР, а се иницира во моментот на зачетокот на ембрионот (кога и се ускладуваат вибрациите на јајната ќелија  и сперматозоидите - како материјални процес, а од друга страна се конституира генетскиот код - како духовен процес).  Од тој момент, почнува Процесот на Индивидуа-лизација на Свеста која се манифестира низ три нивоа:  ниво на СВЕСТА, ниво на ВИБРАЦИЈА и ЕНЕРГИЈА и ниво на МАТЕРИЈА. Разгледувајќи го Нивото на Вибрации и Енергии, видовме дека и ова ниво се манифестира во неколку појавни форми:  Умот, Светлечкото тело,  Душата и  Аурата. Накратко видовме дека Умот е спона помеѓу Свеста и Материјата, но не ја разгледавме суштината и улогите на Светлечкото тело, Душата и Аурата. Овој пат ќе се задржиме на  суштината и улогата на Светлечкото тело.
    Значи СВЕТЛЕЧКОТО ТЕЛО е еден од важните елементи на нашата свест (Индивидуалната Свест) која е процес кој со времето се развива и созрева (Процесот на Индивидуализација на Свеста). По својата суштина Светлечкото Тело е и Енергија и Вибрација, се конституира со зачетокот на ембрионот и е дефинирано со генетскиот код на човекот (кој е духовен процес).

Манифестација и практична примена на Светлечкото Тело.

По својата суштина на делување и активирање, Светлечкото Тело можеме да го споредиме со делувањето на моќта на Подсвеста, но овде свесно се обраќаме до еден на елементите на Нашата Свест, кој е дел од нас, и кое се најдува над нашата глава. Замислувајќи го Светлечкото тело над нашата глава, си ја олеснуваме свесната комуникација со него бидејќи тоа се иницира во состојба на пониски мозочни бранови дожини, а и нашата концентрација при упатената молба е поголема. На овој начин мозокот е помалку оптоварен со разни дразби и приоритет дава на нашата желба упатена до Светлечкото тело.
Додека Светлечкото Тело одговара и дејствува само на позитивни и афирмативни молби (најчесто за само-излекување или излекување на други), моќта на подсвеста не води сметка за добронамерноста на упатената молба.  Затоа можеме да речеме дека улогата и начинот на дејствување на Светлечкото тело е многу поблиска со дејството на молбите упатени до Бог, Богородица или други светци во Христијанството. Вака направената споредба не ми дава право да тврдам дека станува збор за иста работа која различно се интерпретира во разни религиско-филозовски погледи и учења, ниту пак имам право да негирам различни погледи, но сакам да укажам на потребата од согледување на сличностите и понатамошни проучувања - бидејќи сметам дека меѓусебните оштри негирања (кои сега се присутни) навистина никому не му се потребни ако навистина се сака просперитет на човештвото.
       а) Самоизлекување.
Обично се препорачуваат разни шаблони за упатување на молба до Светлечкото тело за оздравување од некои заболувања на организмот или ослободување од болките во некои делови на телото, но јас мислам дека е побитно да се концентираме на упатената жеба до Светлечкото тело кое го замислуваме над нашата глава како реалност (кажавме зошто), и му ја искажеме нашата желба со верба дека светлечкото тело ќе ни ја исполни. Притоа многу е битно и нашето тело да завземе положба која ни овозможува опуштеност на телото (се препорачува седечка положба, но јас би препорачал и полуседечка состојба - добро сместен во фотелја и навален до оној степен кој ни дава најголема опуштеност на телесните мускули).
      б) Излекување на други луѓе.

Начинот на обраќањето до Светлечкото Тело е ист како и при Самоизлекување, но овде упатеното барање до нашето Светлечко Тело (не наредба, туку молба искажана на свој најпогоден начин) се однесува за другата особа. Овој начин на обраќање го викаме директен начин, но најчесто е подобро да го примениме индирекниот начин на обраќање при кој нашето Светлечко Тело го замолуваме да воспостави контакт со Светлечкото Тело на заболениот за да му помогне во неговото излекување.
На овој начин, поради интеракцијата на двете Светлечки тела, се умножуваат вибрациите и може да се постигне поголема ефикасност.
      За крај сакам да дадам образложение зошто не изнесов конкретни примери за обраќањето до Светлечкото тело. Зборуваме за Индивидуалната Свест која од својот зачеток започнува како Процес на Индивидуализација на Свеста, се развива и созрева. Овој процес, во различно време или друга личност, е различен. Затоа шаблоните не можат да важат универзално, битно е да се свати суштината и избере сопствен најпогоден начин на комуницирање со Светлечкото тело.

No comments:

Post a Comment