Tuesday, February 14, 2012

Некогаш и мудроста не помага

Сократ бил ценет филозоф чии мудри мисли се актуелни и денес. Еден ден некој познаник му пришол и му рекол: „Знаеш ли што слушнав за твојот пријател?“
 „Чекај малку’’, му одговорил Сократ: „Пред да почнеш да ми кажуваш било што за мојот пријател, треба да го провериме тројниот критериум за секоја информација:  Вистината,  Дали тоа нешто е добро, и  Дали е корисно за мене’’
-Дали си потполно сигурен дека тоа што сакаш да ми го кажеш е вистина?  „Не’’, одговорил познаникот, „само што слушнав и...’’ .  „Добро’’, рекол Сократ: „значи, не си потполно сигурен дали е тоа вистина или не.
 Да го видиме сега следниот критериум - Дали тоа што сакаш да ми го кажеш е нешто добро?  „Не, напротив...’’.  „Значи’’, продолжил Сократ: „сакаш да ми кажеш нешто лошо за него, а не си сигурен дали е точно.
 Но, сеуште можеш да поминеш на тестот, бидејќи има уште еден критериум: -Дали тоа што сакаш да ми го кажеш за мојот пријател, ќе ми биде корисно?’’.  „Не, не баш’’.  „Па’’, повторно рекол Сократ: „Ако тоа што сакаш да ми го кажеш можеби не е вистина, за мојот пријател не е добро, а за мене не е корисно, зошто воопшто би ми кажал такво нешто?’’. “Познаникот, со наведната глава си заминал,   а Сократ никогаш не дознал дека пријателот спие со жена му.
ПС:
1. Ништо не е толку идеално, а и мудроста секогаш не помага. Можеби Сократ за мене е еден од најголемите филозофи, но како што гледате и тој грешел и околу себе создал многу непријатели од кои не успеал да се спаси со својата мудрост (сигурно знаете како го завршил неговиот живот!).
2. Сократ е најпознат со своите универзални мисли:
- Јас знам дека ништо не знам!
- Спознај се’ самиот себе-си!
-Сократовата маевтика или породилна вештина за доаѓање до вистината, но тоа е долга тема.

No comments:

Post a Comment