Saturday, September 1, 2012

КОНТРОЛА НА УМОТ-1


КОНТРОЛА НА УМОТ - 1

1.  МЕДИТАЦИЈА И ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА

 Ние досега се запознавме со Повисоките форми на свест и развојот на свеста, со Моќта на подсвеста, Дрвото на животот кое е дијаграм на постоечките космички снаги (како во макрокосмосот, така и во микрокосмосот – човекот), со Материјата и Енергијата како две појавни форми на иста стварност, со Духовните повисоки светови и потребното ниво на свест за посета и престојување во овие светови, и многу други сознанија кои не се предмет на научните проучувања (науката е ориентирана кон материјалниот свет, со чесни исклучоци),  но се дел од нашата реалност во духовниот нематеријален свет сеприсутен во универзумот и подложен на универзални закони (од кои во најголем дел се непознати за човекот или погрешно се интерпретираат поради ограничувањата на материјално ниво).

          Затоа, редно е да се запознаеме и проучиме некои методи и техники кои ни овозможуваат брзо навлегување во тајните на нематеријалниот свет, и да објасниме некои поими кои моравме да ги употебиме при излагањето на овие теми (медитација, концентрација, визуелизација, иницијација, евокација и сл). Секако дека за ваквото излагање во најконцизна форма се потребни барем неколку постови, а после тоа ќе продолжиме со практична примена на Дрвото на животот, проширување на знаењата за темите за кои зборувавме, и запознавање со нови спознанија од духовниот свет.
      Моќта на контролата на умот врз телото, мислите, емоциите, концентрацијата, човековите активности, здравјето, решавањето на сложени проблеми и во многу други свери на човековите активности, е тесно поврзана со медитацијата, но и со визуелизацијата за која е потребно верување, желба и очекување.
          Медитацијата во секојдневниот говор значи за нешто да се размислува’’, но во разните техники каде се применува има попрецизно значење кое се однесува на Нивото на Умот, ослободување на умот од секаква свесна мисла (што предизвикува пријатна смиреност и спречување на заболувања поради нервна напетост), но и состојба на Умот во која се визуелизира или се задаваат инструкции кои по излегувањето од тоа ниво на умот, имаат голема сугестивна моќ која понатаму сликовито ќе ја разгледаме. Контролата на умот значи да се навлегува во медитативно ниво каде Умот може да се вежба да го презема управувањето за постигнување на бескрајни можности на медијантот. Притоа, инструкциите дадени на Умот во медитативна состојба треба да бидат на негов својствен начин преку слики и зборови (или мисли). Целта на контролата на умот е да ја прошириме нашата свест и да се научиме да ја пробудиме латентната моќ на умот која била позната само на мал број природно надарени луѓе  и на мистици кои целосно се посветиле на ваквите моќи кои се надвор од спознанијата кои ги добиваме преку петте чула со кои сме родени (вкус, мирис, слух, вид и допир).
        Визуелизацијата претставува создавање на ментална слика на она на што сме се сконцентрирале во текот на медитацијата. Таа е основа за Контрола на Умот, иако се користи и во други медитативни техники. Ние веќе се запознавме со важноста на визуелизацијата при проучувањето на Моќта на подсвеста - каде што вербата, желбата, визуелизацијата (создавање на јасна ментална слика на она што го посакуваме) и очекувањето на реализацијата, се основни услови за делување на нашата подсвест. При процесот на медитација, визуелизацијата има иста улога како и кај  Моќта на подсвестано овде се применува во медитативна состојба на умот.    При  Контрола на умот (кај Силва метод), кога медитираме креираме Ментален екран за визуелизација, поставен на околу  два метра пред нас (како биоскопско платно), и на овој екран го проектираме се она на кое сакаме да се концентрираме. За почеток, креираме нешто добро познато и едноставно (пр. јаболко), но со текот на искуството, таквите ментални проекции стануваат се посложени и појасни. При секое влегување во медитативна состојба креираме само една слика со сите свои поединости (во трите димезии, со сите бои и други ситници за пореален изглед). Доколку во почетокот ни се јавуваат други мисли или слики, треба без напнатост и нервоза поново да се вратиме во медитативна состојба, да пробаме со поедноставен предмет за визуелизација и да ги повторуваме вежбите додека нашиот мозок не навикне.
Така, користејќи го својот Ум, го вежбаме мозокот да навлезе мирно во медитативна состојба и се посвети на креирање на што појасна слика на предметот на кој сме се концентрирале. Значи, правиме добар тренинг за концентрација (која ни е многу потребна за користење на моќта на умот), и при ова ниво на развој на медитацијата постигнуваме длабок душевен мир, спокојство, опуштеност,  и добро здравје. Но, тоа се скромни достигнувања во однос на можностите на Умот кога во ваква медитативна состојба го вежбаме за организирање на динамички активности со кои постигнуваме спектакуларни резултати во многу области на животот.

2. СОСТОЈБАТА НА УМОТ ЗА ПРИСТАП ДО ПОДСВЕСТА

Состојбата на умот за пристапување до подсвеста е тесно поврзана со фреквенцијата на брановите на мозокот. Веќе е научно докажано дека мозокот емитува електрични периодични импулси кои се електрични бранови со различни фреквенции (број на импулси во една секунда). Всушност преку електричните импулси се остварува комуникацијата помеѓу ќелиите на мозокот, a фреквенцијата на овие импулси може да се мери со електроенцефалограф (EEG). При различни состојби на Умот (медитативна, будна и активна, состојба на потполна концентрација и сл.) мозокот емитува електрични импулси со различни фреквенcии.
       За нас најбитни се Алфа брановите кои имаат фреквенција од околу 10 Hz (или поточно 8-12 Hz), и се јавуваат при состојба на опуштеност, медитација, сонување, пред заспивање и пред будење, при фантазирање и сл. Тоа е Алфа-ниво на свеста при кое имаме отворен пристап до подсвеста, можеме да ги менуваме нејзините програми, имаме силна интуиција, развиена креативна способност, подобро учиме и памтиме и сл.
        Кога сме во активна будна состојба, обично велиме дека сме на Бета ниво, брановите на мозокот имаат повисока фреквенција (13-40 Hz) и човекот обавува разни свесни активности кои се доминантни во текот на денот. Следното повисоко ниво се Гама брановите и се јавуваат при потполна концентрација и максимално користење на интелектуалните капацитети (40-70 Hz).
       Овде ќе спомнеме уште едно ниво кое е под Алфа нивото и во кое често се навлегува при подлабока медитација. Тоа е Тета нивото при кое Тета брановите имаат фреквенција од 4-7 Hz, постои длабока опуштеност но тешко се останува свесен на ова ниво.
 Алфа и Тета нивото се нивоа на медитација и подлабока медитација (при кои имаме отворен пристап до подсвеста), но ќе спомнеме уште едно ниво преку кое се остварува контакт со подсвеста, иако никој неможе свесно да пристапи до него. Тоа е ниво на кома и состојба на длабок сон, а брановите кај ова ниво имаат најниска фреквенција (1-4 Hz) и се наречени Делта бранови.

3. АЛФА НИВО НА СВЕСТА

     При Алфа ниво на свеста (кога нашиот мозок емитува електрични импулси со фреквенција од  8 до12 Hz, и кога имаме отворен пристап до подсвеста), се активираат истовремено двете хемисвери на мозокот, а нивниот избалансиран однос е клучот на успехот за откривање на тајната на контролата на умот. Во ваква состојба способни сме да ги менуваме програмите на подсвеста, да се фокусираме повеќе на себе отколку на надворешните влијанија, да добиваме креативни идеи, имаме силна интуиција, подобро учиме и памтиме, потполно сме опуштени на физички и ментален план, ни зајакнува имуниот систем и сл. Но ова е и нивото на кои можеме да решаваме различни проблеми со здравјето (кај себе и другите), враќање на памтењето кога нешто сме заборавиле и не сме можеле да се сетиме, како и многу други проблеми на кои можеби покасно ќе се навратиме и ќе ги разработиме.
      
Алфа ниво, или Алфа состојба на свеста  може да се постигне на многу начини, од кои некои овде ќе ги наброиме:

       1. Медитација  - Постојат различни методи на медитација, во зависност од целта.
       2. Само-хипноза - Овој метод е многу сличен на медитација со која сами себе се  доведуваме во состојба на само-хипноза при која надворешните влијанија се сведени на минимум и имаме поголеми можности да го насочиме умот да прави она што сакаме (ако хипнозата се примени  врз други, тие не се свесни за средината околу себе).
      3. Визуелизација – Најчесто се применува во комбинација со медитацијата,  но може да се применува и самостојно доколку имаме посилна инспирација. Со затворање на очите (да го намалиме ефектот на надворешните влијанија) и создавање на слика или претстава во нашите мисли, го зголемуваме бројот на Алфа брановите, а доколку јасно се сконцентрираме на замислената слика и ја изразиме со повеќе особености, тогаш можеме комплетно да преминеме во Алфа ниво на свеста.
     4. Јога – Јогата има разновидна намена и постојат многу различни врсти на Јоги, но најчесто доведува и до Алфа состојба на свеста.
     5. Длабоко дишење – Длабокото дишење и разните варијации со задржување на воздухот или мирување при испуштен воздух, доведуваат до пораст на универзалната енергија во човекот, состојба на опуштање, снижување на фреквенцијата на брановите на мозокот и Алфа ниво на свеста.
     6. Аудио-стимулација – При монотони (повторувачки) тонови нашиот мозок ја прифаќа фреквенцијата на тонот  а потоа ја успорува својата работа и постепено преминува на Алфа ниво (да се потсетиме на монотоните звучни тонови на барабаните при разни племенски ритуали).
      7. Во Алфа состојба на свеста можеме да се најдеме и при разни околности кои не се во врска со нашето свесно делување за навлегување во ова ниво со одредена цел. Овде ќе ги спомнеме состојбите пред заспивање (дремливост), одма после будење (нерасонети), при гледање на телевизија, пијанство, пушење марихуана и сл.

***
    Умот поседува огромни можности кои на нормалното ниво на функционирање не можат да дојдат до израз поради големиот број на надворешни влијанија во исто време: разни мисли во различни ситуации, разни секојдневни обврски, задоволување на потребите или желбите, тежнеења кон остварување на разни цели, разни проблеми, несогласувања и расправии, сите врсти на стресови, притисоци, разни дразби на сетилата и сл. Поради тоа најчесто користиме околу 5 до 10% од можностите. А кога надворешните дразби се намалат и телото и умот се опуштат (пр. дремливост пред спиење), тогаш можностите на умот се зголемуваат но - треба да научиме како да ја користиме таквата состојба.
    Менталните вежби не подучуваат како да го опуштиме умот и телото, но истовремено и како да функционираме ментално кога сме на релаксирачко ниво. Кога човекот ќе научи ментално да функционира на подлабоки нивоа на опуштеност на умот и телото, се зголемува креативноста и памтењето, и се доаѓа до најоптимални решенија при разни сложени проблеми. При подолготрајни ментални вежби се променува и начинот на размислувањето во секојдневниот живот бидејќи моментално може да се пристапи до своето „ниво’’ и се искористат повисоките можности на умот.
Петар Лука

No comments:

Post a Comment