Thursday, January 5, 2012

Христијански принципи за здрав живот


Христијански принципи за здрав живот
Човековото здравје отсекогаш било доминантна преокупација во човековото постоење. Се развиле разни теории и филозофски учења за здрав живот, но сите овие учења имаат и различни приоди и гледишта. Поради тоа и многу често меѓусебно се негираат и фундаментално се разликуваат во приодот кон целта. Актуелата званична медицина ја губи нашата доверба поради нејзиниот механички пристап, алтернативните терапии (засновани на хиндуски, будистички и други филозофски погледи) имаат поуравнотежен пристап кон човекот како физичко и духовно битие, но тешко се прифатливи за христијанските верници кои сметаат дека овие алтернативни терапии поседуваат необично и демонско потекло. Овде накратко ќе се осврнеме на христијанскиот поглед за зачувување на човековото зравје, преку согледување на осумте принципи според Божјиот план. Овие принципи Бог ги направил со цел да го сочуваме нашето здравје и ги лечиме болестите кои се последица на отстапувањето од божјите принципи. Иако на прв поглед делуваат толку очигледно и просто во споредба со современите достигнувања во медицината (трансплатација на срце, апарати за бубрежна дијализа и сл.), сепак вреди да се одвои време, воља и снага за да ги воведеме во својот живот. Овие мерки за заштита на здравјето и се познати и на званичната медицина која отсекогаш знаела дека превентивата е многу подобра од лечењето.
 Осумте принципи за кои станува збор се:
        1. Доверба во Бога
        2. Сончевата светлина
        3. Водата
        4. Умереноста
        5. Воздухот
        6. Храната
        7. Одморот
        8. Физичката активност

Да ја разгледаме накратко нивната суштина:
            1. Имунолошкиот систем претставува бедем во борбата против болестите. Бог поставил во нашето тело сложен систем на органи кои ќе не заштитат од опасности од средината која ни ја дал за живеење. Овој систем е осмислен да не заштити од се  - почнувајќи од најтешките болести па се до обичното преладување. Но нашите гревови и побуна против Бога, можат да предизвикаат чувство на оддвоеност од неговата сила и присуство. Постои можност имунолошкиот систем да ослабне поради чувство на кривица (Кралот Давид, во Псалмите го запишал своето личното искуство од ослабениот имунолошки систем како последица на чувство на кривица).
      Кога ќе научиме во потполност да веруваме во Божјите методи на лечење, можеме да имаме одлично физичко, ментално и духовно здравје.
            2. Сончевата светлина има многу добри особини за одржување на добро здравје и лечење од разни болести. Таа учесвува во разни физиолошки функции кои се познати или сеуште непознати за науката (хормонска рамнотежа, создавање одредени витамини, контрола на некои минерали во организмот и сл), а  ултравиолетовите зраци активно делуваат на смалувањето на штетните бактерии. Поради тоа пријатно се чувствуваме кога не огреат сончевите зраци, а  болните мора задолжително да  „добиваат’’ секој ден одредена доза на сончева светлина.
            3. Водата е скапоцена течност за нашето тело кое располага со совршен систем за циркулација и не дозволува дестабилизација на организмот поради дехидрација или преголема количина. Овој систем мора секојдневно да се надополнува со околу 7 до 8 чаши вода на ден, за да се надоместат загубите поради излачување, потење и дишење. Не е препорачливо водата да се пие уз јадењето бидејќи така се разблажуваат ензимите за варење на храна, но пожелно е храната добро да се сожвака за да се измеша со повеќе ензими кои се лачат во устата и го започнуваат процесот на варење. Водата е Божји дар и за надворешна употреба, одржување хигиена, и други потреби на човекот и живиот свет.
           4. Се што е прекумерно е штетно. Затоа во се мораме да бидеме умерени а бог се потрудил да не предупреди на различни начини. Човечкиот организам знае кога во нешто претерува, а и Библиските поуки не предупредуваат на штетните последици од неумереноста (прејадување, препијување, преголем физички напор и сл).
           5. Без воздух човекот неможе да преживее. Но Бог ни го дал чист за одредена намена, а ние сме го загадиле. Дрвјата, зеленилото и водата помагаат во пречистувањето на воздухот и додаваат корисни негативни јони. Ако сакаме да имаме здрав живот, мораме да ја вратиме природната средина ослободена од негативните дејства на човекот.
           6. Неправилната исхрана е причина за многу тешки заболувања кај човекот. Нашата исхрана е богата со масти од животинско потекло и јаглено хидрати, а сиромашна со растителни влакна, нискокалорични состојки и витамини. Библиските совети за храната  се доволни за правилна и здрава исхрана.
           7. Одмор:  -Додека сме будни, нашето тело е сконцентрирано на работата и движењата. Со одморот и сонот настанува телесно  уравнотежување на организмот и припрема за наредниот ден. Затоа одморот и сонот се многу битни за здрав  живот.
           8. Физичка активност:   - Бог го создал телото за работа, а без работа телото почнува да пропаѓа. Во оваа изрека многумина се увериле ако носеле гипс на раката или ногата - мускулестото ткиво се собира и омлитавува. При недостаток на физичка активност, покрај мускулите, слабеат и коските. Затоа мораме да сме свесни дека сталната физичка активност го одржува телото, ја подобрува циркулацијата, ја подобрува работата на срцето, го релаксира мозокот и целиот нервен систем - поради што е и главна компонента на програмата за борба против стресот..

No comments:

Post a Comment