Friday, September 14, 2012

МЕДИТАЦИЈА И КОНТРОЛА НА УМОТ



                                                 МЕДИТАЦИЈА И КОНТРОЛА НА УМОТ

Како и креативната Визуелизација, Медитацијата е основа за спознавање на духовните влијанија и тајните во Материјалниот свет, но истовремено е и основа за спознавање на повисоките духовни светови (Највисокиот свет - кој е изворна енергија на универзумот, Креативниот свет и Астралниот свет - кој се најдува одма над Материјалниот свет). За запознавање на овие светови, потребно е и соодветно ниво на свест кое се развива низ процесот на индивидуализација на свеста (Спиритуално ниво на свест кое е Највисоката свест или Бесконечната Божествена свест, Ментално ниво на свест или нивото на Умот, Емоционално ниво на свест и Материјално ниво на свест). Пошироки објаснувања за четирите Светови и четирите нивоа на Свест можат да се најдат во претходните постови од овој Блог.
       Сепак, овде нема да зборуваме за многубројните методи за медитација кои се користат за спознавање на духовните светови и нивото на свеста во тие светови бидејќи тоа е широка тема со која ќе се запознаеме при проучувањето на некои поедноставни но корисни медитативни методи кои се применуваат во разните системи на Јогата и Факиризмот.
       Овде поопширно ќе се запознаеме со практична примена на медитацијата за Контролата на Умот, со цел да ја прошириме нашата свест и да се научиме да ја пробудиме латентната моќ на умот. На медитативно ниво умот може да се вежба преку инструкции својствени за него (слики и мисли или зборови) и да го презема управувањето за постигнување на бескрајни можности на медијантот.
       Значи Моќта на контролата на умот врз телото, мислите, емоциите, концентрацијата, човековите активности, здравјето, решавањето на сложени проблеми и во многу други свери на човековите активности, е тесно поврзана со медитацијата (но и со визуелизацијата, со која веќе пошироко се запознавме).

 Веќе видовме дека Медитацијата се однесува на Нивото на Умот, односно навлегувањето во медитативна состојба се случува при смалени вибрации на мозокот (8 до 12 Hz) или Алфа ниво - кое намерно ги предизвикуваме, но ваквата состојба на нивото на умот се јавува и непосредно пред спиење или одма после будење. При потполно будна состојба во која ги извршуваме нашите секојдневни обврски, ние сме во Бета ниво (или на „надворешно свесно ниво’’), но со вежбање на Контролата на Умот можеме самоволно да навлеземе во Алфа ниво, а сепак да задржиме будна состојба и потполна присебност.

КАКО ДА МЕДИТИРАМЕ?

Медитацијата е првиот чекор за „Контрола на умот“.  Уште во самиот почеток чувствуваме пријатно смирување, а со продолжување на медитацијата навлегуваме се’ подлабоко во себе и не обзема посилно чувство на внатрешен мир и отсуство на грижи или лутина. Притоа чувствуваме и телесно опуштање поради неутрализацијата на активностите на умот кои го доведуваат нашето тело до нарушување на здравјето. Нашето тело е создадено да биде здраво и има сопствени механизми за излекување, но тие се блокирани од умот кој не е обучен да ги контролира. Во почетните вежби на медитација постои можност да ни се наметнат некои од чувствата и мислите кои не оптеретувале пред медитацијата, но нетреба да им даваме значење (за да не добијат моќ) бидејќи по краткотрајно вежбање тие нема повеќе да се јавуваат а медитацијата целосно ќе ги ослободи самоисцелувачките моќи на телото и ќе му ја врати енергијата која се трошела при нервната напнатост поради негативните влијанија на надворешната средина.
         Затоа најпрво ќе научиме како да медитираме и да постигнеме Ниво на Умот каде ќе почувствуваме внатрешен мир и опуштеност, а потоа ќе можеме да ја ослободиме својата имагинација (која ја објаснивме во претходниот пост за Креативна визуелизација) и да решаваме разни проблеми.

       Сега ќе разгледаме еден добар пример за медитација односно навлегување во медитативна состојба или Алфа ниво на свеста (според „Силва метод за контрола на умот“, кој е присутен во стотина земји во светот).
Наутро, после будењето и евентуална посета не купатилото, поново се враќаме во креветот (но за секој случај го навиваме и саатот да звони после 15 минути, за да не ни се случи да заспиеме при медитацијата). Ги затвораме очите, но свртени нагоре према очните капаци, под агол од околу 20 степени. Ваквата положба на очите ги снижува вибрациите на мозокот и почнуваме да навлегуваме во Алфа ниво на Умот. Притоа почнуваме и да одбројуваме наназад од 100 према 1, покроце, на секои две секунди. Додека броиме, мислиме на броењето и при крајот веќе ќе го достигнуваме потребното Алфа ниво односно нивото на медитација.
       Впечатоците од ова ниво на Умот се различни, во зависност од тоа кој колку го користел во секојдневниот живот (несвесно). Науто, одма после будењето, скоро сите (барем за момент) го доживуваат ова ниво пред да се расониме. Во текот на спиењето човекот најчесто поминува низ три нивоа: – Тета (при мирен сон кога мозочните вибрации се пониски од Алфа нивото), Бета ниво ( ниво на будна состојба или при сонување) и Алфа ниво кое е премин кон будното ниво (Бета) и во кое секој различно се задржува при утринските активности додека се расони. Оние кои подолго време се задржувале во Алфа ниво (без да се свесни) при медитацијата нема посебно да ги почуствуваат промените, но сепак треба да продолжат со вежбите за да можат свесно да ја користат медитативната состојба.
       За да го совладаме методот на брзо навлегување во медитативна состојба, потребно е неколкунеделно утринско вежбање, но со различно време поради смалување на одбројувањето по секои 10 дена. Првите десет дена се брои од 100 до 1, вторите 10 дена се брои од 50 до 1, понатаму од 25 до1, па од 10 до 1, и конечно последните десет дена се брои од 5 до 1. Значи, на крајот на вежбата веќе ќе можеме многу брзо да навлегуваме во медитативна состојба, иако и ова време можеме да го намалиме по подолготрајно користење, односно скоро моментално да навлегуваме во медитативна состојба според нашата желба или потреба.
       За излегување од Алфа нивото, се користи само еден метод -  ментално си ја задаваме следната инструкција:  „Додека бројам од 1 до 5, покроце ќе излезам од ова ниво, ќе бидам потполно буден и ќе се чувствувам многу попријатно. Еден – Два (се припремаш да ги отвориш очите), - Три (ги отвораш очите), - Четири – Пет, очите ми се отворени, потполно сум буден и се чувствувам многу пријатно.
       Значи воспоставуваме две рутински постапки – една за влез во Алфа ниво (медитативно ниво), а друга за излез од ова ниво. Но морам да напомнам дека немораме стрикно да се држиме до дадените инструкции ако создадеме свој начин за постигнување на целта. Ова е само еден пример кој дава добри резултати. Кога ќе научиме наутро да навлегуваме во медитативно ниво со броење од пет до еден, оваа метода ќе можеме да ја применуваме во било кое време во денот.
     Сега ќе изнесам уште две кратки додатни вежби: - Сместете се удобно на фотеља, столица или кревет. Покушајте да се сконцентрирате на еден дел на телото и ќе почуствувате пријатна топлина и опуштање. Истото тоа направете го со друг дел на телото ... за да би го свесно опуштиле. Почнете од левото стапало, па целата лева нога, преминете на десното стапало, и продолжете до лицето, очите ... и конечно до кожата на главата. Ќе бидете изненадени колку многу сте биле напнати пред изведувањето на оваа вежба. Јас многу често ја применувам оваа вежба но парцијално на делови кои сакам да ги опуштам (градите, стомакот, нозете кога ми се студени ...) и задоволен сум од постигнатите резултати.
Во втората вежба сконцентрирајте се во една точка на спротивниот зид (или на плафонот, ако лежите). Избраната точка треба да биде на околу 45 степени над равнината на погледот. Гледајте во точката додека ви затежат очните капаци, а потоа затворете ги очите и почнете да броите од 50 према 1. После десетина дена го намалуваме броењето – од 10 према 1, и во последната фаза, која понатаму ќе ја практикуваме како самостојна вежба – од 5 према 1. Овие две вежби можат да се практикуваат во било кој дел од денот.

       Сега се поставува прашањето – Што ќе правиме и за што ќе размислуваме кога ќе навлеземе во медитативна состојба или Алфа ниво?  - Тогаш почнуваме да вежбаме Визуелизација, која е основа за „Контрола на умот“ и со која пошироко се запознавме во претходниот пост.
Постојат и други методи за медитација – концентрирање на монотон звук како што е  ОМММ ..., ОННН ..., АМЕННН ... – искажан ментално или на глас;  потоа со пратење на сопственото длабоко дишење;  или пратење на ударите на тапанот (најчесто при ритуали). Сите овие методи ( и многу други кои се применуваат за подруга цел) доведуваат до смирено медитативно ниво на свеста, но опишаниот метод со броењето наназад има големи предности за вежбање на концентрацијата која е клуч на успехот кој сакаме да го постигнеме. Конценрацијата ни помага за решавање на многу практични проблеми, побрзо учење, подолго памтење и сл.

***
           Се’ што мислиме дека сме го заборавиле, поврзано е со некое случување кое сепак не сме го заборавиле туку не се сеќаваме на таа случка. Ако сме „заборавиле“ некое име, поим, формула, информација – случката е времето кога сме ги чуле или прочитале. Затоа, ако сакаме да се сетиме на нешто што мислиме дека сме го заборавиле, најпрво треба да влеземе во медитативна состојба, да визуелизираме преку менталниот екран (со што веќе порано се запознавме), преку визуелизацијата да се вратиме на изминатите околности во врска со случката за која мислиме дека сме ја заборавиле, и „заборавеното“ ќе се појави.
Така, проживувајќи ја ситуацијата во медитативна состојба, на овој начин можеме да ги „најдеме“ клучевите кои некаде сме ги заборавиле, да се сетиме на денот кога требаше да полагаме, да се сетиме (потсетиме) на некоја лекција која ни е зададена на испит, и сл.
         На сличен начин делуваат и рекламите кои ги гледаме на ТВ. Ги има толку многу што ние не ги запамтуваме, но во одредени околности (кога во продавница ќе видиме некој производ кој бил рекламиран), ние ќе се потсетиме на рекламата, иако не можеме да наброиме ни пет реклами кои ги гледаме на ТВ. На овој начин рекламите влијаат на продажбата, но ова е и добар пример за да можеме да ја согледаме разликата помеѓу памтењето и потсетувањето (сеќавањето).

***

На крај ќе изнесам еден многу едноставен метод за брзо влегување во медитативна состојба која најмногу можеме да ја користиме за потсетување на нешто што сме заборавиле. Така на пример ако треба да се сретнеме со некој човек со кого сме се запознале пред неколку дена но сме го заборавиле неговото име, потребно ни е подолго време за да навлеземе во медитативна состојба, да го визуелизираме и „оживееме“ окружувањето на случката (случка бил моментот кога прв пат сме го слушнале името), и поново да го слушнеме името (да се подсетиме).
Но постои поедноставен и многу брз метод кој моментално ќе не доведе на Ниво на Умот на кое полесно можеме да се сетиме на некои информации. За таа цел ги спојуваме палецот, показалецот и средниот прст на едната рака, и нашиот ум моментално се префрла на пониски вибрации. Ако тоа го направиме одма, чувствуваме некоја мала промена која делува смирувачки на умот, но не е доволна за да го практикуваме овој метод. За потполна функционалност треба да влеземе во медитативна состојба и да си речеме (во себе или полугласно):  - Кога вака ќе ги спојам прстите (сега ги спојуваме) со одредена цел, моментално ќе го достигнам ова ново на умот за да ја постигнам целта.  Со ова упатуваме сугестија до умот, а зборовите може и да се прилагодат на нашиот стил на изразување. Оваа вежба треба да се повторува секој ден во текот на една недела, но притоа треба да ги употребуваме истите зборови. Со ова во нашиот ум ќе создадеме цврста врска помеѓу спојувањето на трите прсти и моментално постигнување на медитативна состојба. Сепак, за да ја постигнеме целта мораме да го визуелизираме и окружувањето на случката.
Петар Лука

No comments:

Post a Comment