Friday, September 7, 2012

Контрола на умот-2 (КРЕАТИВНА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА)



КРЕАТИВНА  ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА

 Можеби ќе се запрашате зошто и посветувам толку голем простор на Визуелизацијата кога за неа пишував во предходниот пост, пишував порано кога ги изнесував основните спознанија за „Моќта на подсвеста’’ , и во други прилики при спознавање на духовната моќи на човекот - за  кои човекот најчесто не е свесен и несвесно негативно влијае врз свјот живот. Но иако сакам да бидам концизен и практичен, можеби некои работи ќе морам почесто да ги спомнувам и проширувам спознанијата за нив, бидејќи се основа за спознавање на духовните влијанија во секојдневниот живот. Притоа ќе ги избегнувам длабоките анализи за духовниот свет бидејќи тоа е работа на луѓето кои целиот свој живот го посветиле на духовноста.
   
               Како што видовме, Визуелизацијата претставува создавање на ментална слика на она на што сме се сконцентрирале, односно на она што го посакуваме и очекуваме да се реализира. Ако со визуелизација создаваме ментална претстава на некој предмет, ние се концентрираме на предметот за да создадеме што појасно слика, а со тоа ја вежбаме и нашата концентрација и меморија. Но да не заборавиме дека за успешна реализација потребни се верување, желба и очекување.

        Секој човек природно поседува имагинација која постојано ја применува во секојдневниот живот. Имагинацијата е способност да создадеме идеја или ментална слика во нашиот Ум. Таа е наша природна способност и основна креативна енергија на Универзумот која постојано ја користиме, свесно или несвесно.  Ако свесно ја користиме, свесно ќе создаваме ментални слики на она што го посакуваме и очекуваме да ни се оствари во животот - а тоа е креативна визуелизација.
       При креативната визуелизација продолжуваме редовно да се концентрираме на идејата или сликата, за да и ја дадеме потребната енергија за реализација на тоа што сме замислиле (визуелизирале).    Но многу често човекот несвесно ја користи својата имагинација, и поради животните потешкотии, проблеми и мани кои ги посеува, создава негативна слика за себе, заклучувајќи  дека сето тоа нему судбински му е предодредено (без да биде свесен дека делумно сам си ги предизвикал сопствените потешкотии). Со свесна примена на креативната визуелизација, го добиваме клучот на успехот за реализација на нашите желби и богатството на животот.

Се’ што ни се случува во животот, всушност претставува остварување на нашите ментални слики кои можат да бидат позитивни или негативни (бидејќи најчесто се несвесни). Ако сме свесни за силата на имагинацијата, тогаш целта на нашите ментални слики може да биде од било кое ниво: Физичко, Емоционално, Ментално или Духовно (нова куќа или стан, добро работно место, складен однос и хармонија со колегите на работа или членовите на нашето семејство, душевно спокојство, подобрено памтење или способност за учење, материјална ситуираност, лесно решавање на тешки ситуации, исполнетост со љубов и духовно задоволство, и сл.).
          Креативната визуелизација е одраз на нашето разбирање и ускладување со природните законитости и принципи кои управуваат со универзумот, и учење на методите за користење на тие принципи на свесен и креативен начин. Многу работи кои во секојдневниот живот ни се вообичаени и природни (пример еден прекрасен цвет, залезот на сонцето и сл.) се перцепирани со нашите сетила, но ако некој ни ги опишеше пред да ги видиме или доживееме, тие за нас ќе беа „чудо’’. Истото важи и за Процесот на Креативна Визуелизација – она што во почетокот ни изгледа несватливо или неможно за нашиот рационален ум, ќе постане сосем разбирливо кога ќе го осознаеме и оствариме, правејќи „чуда“ со нашиот живот. Но мораме да напомнеме дека оваа техника не можеме да ја користиме за контрла на однесувањето на другите, ниту да ги присилиме да направат нешто против нивната воља. Нејзиниот ефект е во отстранувањето на нашите внатрешни препреки кон природна хармонија и самосвест, а тоа и индирекно ќе ги покрене процесите да и другите почнат да се изразуваат на најпозитивен начин (што правиш, тоа и ќе си најдеш). Овде нема да посочувам конкретни методи кои за неупатените можат да бидат нереални, но самата свесност, верување, желба и очекување,  ќе бидат патоказ за испробување, развивање и применување  на методи кои ќе внесат свесни позитивни промени во нашиот живот.

     За да ја зголемиме нашата свесност на духовен план, односно за да го разбереме начинот на делување на креативната визуелизација, потребно е да се запознаме со неколку принципи кои меѓусебно се поврзани:
     
     1. Нашиот физички универзум е Енергија односно материјата и енергијата се две појавни форми на иста стварност (во зависност од фреквенцијата на вибрација). За нашите сетила, предметите изгледаат цврсти и одвоени еден од друг, но на атомско и суб-атомско ниво цврстата материја е составена од се’ помали честички и честички во тие честички – за кои на крај се испоставува дека се чиста енергија. Физички, ние сме само енергија и дел од едно големо енергетско поле во кое енергијата вибрира со различни степени на брзина (фреквенции), а тоа е причина за различен квалитет – од пофина до густа форма на енергија. Мислата е пофина форма на енергија и затоа многу бргу и лесно се менува. Материјата е релативно густа и компактна форма на енергија, и затоа поспоро се движи и менува во зависност од нејзината густина. Сепак сите форми на енергија меѓусебно се зависни и можат да делуваат една врз друга.

    2. Енергиите со сличен квалитет или вибрации се привлекуваат.
 Еден од законите за енергијата гласи: Енергијата со одреден квалитет или вибрации ја привлекува енергијата со сличен квалитет или вибрации’’.   Мислите и чувствата имаат имаат сопствени фреквенции и привлекуваат енергии со слична природа или фреквенции (Затоа внимавајте што мислите и какви чувства подржувате!)

   3. Мислата или идејата секогаш е предходник на реализацијата.
Бидејќи мислата е брза и мобилна форма на енергија, таа настанува моментално, а материјата е погуста форма на енергија и потребно е време за нејзина реализација. Кога нешто создаваме, најпрво ја создаваме формата на мислата а потоа го реализираме она што сме го помислиле. Пред подготвувањето на некое јадење - најпрво се јавува идеја за да се направи тоа јадење, пред да се излезе нешто да се купи - најпрво се јавува желба да се купи тоа што ни е потребно. Мислата или идејата е основниот план кој создава форми на енергија која се реализира на физички план. Но не’ секогаш преземаме физички активности за да се реализира нашата мисла. Идејата или мислата која ја задржуваме во себе е енергија која ќе покуша да привлече и создаде форма на физичка основа (пр. ако стално мислиме дека ќе се разболиме, ние навистина ќе се разболиме).

   4. Закон за зрачење и привлекување.
Во животот секогаш најповеќе го привлекуваме она за кое најмногу размислуваме, најјасно го замислуваме, во кое што најмногу веруваме и очекуваме. Кога сме негативно расположени, кога се плашиме од нешто, кога некого сакаме да го избегнеме, кога сме загрижени – ќе привлечеме токму такви искуства, ситуации, или луѓе. Ако сме позитивно расположени, ќе привлекуваме ситуации или случувања кои одговараат на нашите позитивни очекувања – што повеќе зрачиме позитивна енергија, толку повеќе позитивна енергија ќе добиваме. Овде дословно важи поговорката Што си сеел, тоа и ќе жнееш’’.

ПРИМЕНА НА КРЕАТИВНАТА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА

       Ние веќе се запознавме со суштината и целта на креативната визуелизација, но за практична примена во некои случаи е потребно најпрво да се ослободиме од некои наши ставови према животот, негативни концепти и стравувања кои не кочеле и ни оневозможувале да го постигнеме задоволството и содржината на животот која сме ја очекувале. Тоа бара длабока анализа, откривање и спознавање, а потоа и отстранување на овие лимитирачки ставови преку процесот на креативна визуелизација или медитација.
      Најпрво Креативната визуелизација треба да се вежба во одредено време со одредена цел, а покасно таа постанува интегрален дел на нашето размислување – трајна свест при која сме свесни дека сме креатор на сопствениот живот.

      Овде ќе изнесам една едноставна вежба за креативна визуелизација. Најпрво е потребно добро да се опуштиме во лежечка или седечка положба. Начинот на опуштање може да биде индивидуален или можеме да користиме и некоја медитативна техника (што не е задолжително). При опуштањето препорачливо е длабоко и споро дишење, со броење од 10 до 1. Кога ќе почуствуваме потполна релаксација, почнуваме да го замислуваме тоа што го сакаме – некој предмет кој сакаме да го имаме, случка во која би уживале, ситуација во која би сакале да се најдеме или барање за подобрување на некои односи или животни услови.  За почеток, добро е ако тоа биде нешто поедноставно кое можеме најлесно да го замислиме како го добиваме. Ако е тоа некој предмет, треба да замислиме како веќе да го поседуваме и се радуваме што го имаме. Ако е тоа ситуација или случка, замислуваме како да сме на лице место и се ни се случува онака како што сме сакале. Притоа уживајте во тоа што сте го добиле или постигнале – како да е тоа реалност (чувство која ни се случува во нашите сонови). Потоа, задржувајќи ја идеата или сликата во мислите, треба да се рече (најчесто во себе) нешто многу позитивно и афирмативно (пр. уживам кога сум во природа, или: - одлично се чувствувам на излет покрај река, или: -радосен сум кога сум со мојата девојка, или: - јас стварно имам добри пријатели, и сл.). Ваквите позитивни изјави се нарекуваат „афирмации’’ и секогаш треба да претставуваат нешто што е реализирано и кое ни оставило пријатни впечатоци (никако не смеат да бидат желби, туку треба да се афирмации). На крај од визуелизацијата самите себе си изјавуваме дека ова или нешто подобро се манифестира за мене, со ова се радуваат и моите најблиски, и сл (како тоа да е веќе реализирано).
    Ако при визуелизацијата се јават сомневања или контрадикторни мисли, не треба да им се спротиставуваме или да даваме отпор (за да не добијат на снага која ја немаат), туку треба да им дозволиме да поминат низ нашата свест, и поново да се вратиме на позитивните слики и изјави. Визуелизацијата трае се додека пријатно се чувствуваме (најчесто од 5 до 30 мин.), но треба почесто да се повторува.
 ***
За успешна и креативна визуелизација многу е важно добро да се опуштиме бидејќи кога телото и умот се длабоко опуштени се намалува фревенцијата на брановите на мозокот и влегуваме во тн. Алфа Ниво на свеста (8-12 Hz). При ова ниво  имаме отворен пристап до подсвеста и се активираат истовремено двете хемисвери на мозокот. За моќта на подсвеста веќе зборувавме во два поста од овој блог.
   Претходната вежба не не обврзува стрикно да се придржуваме до неа, туку ни дава насока за практична примена на креативната визуелизација. Ако сме успеале да развиеме друг начин на опуштање или пак на друг начин можеме да дојдеме до медитативна состојба (Алфа ниво на свеста), тогаш подобро е да ги користиме тие методи. Препорачливо е практикување на креативната визуелизација пред спиење или наутро одма по будењето бидејќи тогаш телото и умот се длабоко опуштени.
***
Визуелизацијата не значи дека секогаш треба да се има јасна ментална слика на тоа што го визуелизираме - понекогаш е доволно да „размислуваме’’ и да го почуствуваме реализирањето на нашата замисла бидејќи не е можно за се што визуелизираме да добиеме јасна ментална слика. Некогаш Верувањето, Желбата и Очекувањето се сосем доволни за реализација на нашите желби, поготово ако сме добро опуштени и навлезени во Алфа ниво на свеста (кога имаме отворен пристап до подсвеста).
    Петар Лука

No comments:

Post a Comment